[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: Bojan Kostadinov
Forum Index » Profile for Bojan Kostadinov » Messages posted by Bojan Kostadinov
Author Message
1. Се разбира дека ќе има некој вид на подготовки. За деталите (време, место, ...) ќе се договориме по одбирање на екипите за учество на меѓународни натпревари.

2. Околу термините, мислам дека Миле "навремено" праша кои термини ви одговараат, и на крај беа испочитувани сите забелешки кои ги имавте. Дури решивме да ги откажеме подготовките, и да организираме само 2 натпревари (од кој едниот е во ден - недела, а другиот на 10 ЈУНИ).

3. Што се однесува до оправдувања, ако навистина ви требаат, сигурен сум дека ќе договориме нешто. Тоа не е никаков проблем.
Јас не бев во Скопје деновиве и немам појма кога и како ќе има "подготовки", но претпоставувам дека сеуште не се знае кога ќе се одржат, инаку ќе сте биле известени...

Во секој случај, ќе се распрашам и ќе пишам тука доколку е договорено нешто официјално
dejandenib wrote:"аргументи зошто не се ставени" ? Не знам зошто правите вака, па задачите не беа толку тешки, јас лично успеав досега да ја решам задачата острови, но на натпреварот немав доволно време, инаку не беше тешка.


Океј, а што има врска тоа колку биле тешки задачите? Не те разбирам баш што сакаш да кажеш...

Инаку, има аргументи и да не бидат поставени решенијата, бидејќи вака нема логика да имаме дел за тренинг - кога се веќе ставени решенијата на сите задачи. Дури размислувам и да ги тргнам решенијата од електронските натпревари и регионалниот натпревар (ама ќе видиме тоа, бидејќи тие се објавуваат и во билтен, а некои натпреварувачи веќе и ги имаат решенијата) ...
dejandenib wrote:Koga ke gi stavite resenijata vo Wiki, i zadacite vo trening ?


Задачите ќе ги ставам утре...
За решенијата - ќе се консултирам уште еднаш со Миле и или ќе ги ставам и нив утре, или ќе пишам аргументи зошто не се ставени
hristijan wrote:Фала ама пак не можам да си ја најдам грешката добивам 72 на примеров.. Колку е точниот резултат?


49
hristijan wrote:Ќе може да добијам некој од последните 3 примери за задачата армија од месечниот Mendo Judge натпревар?
Фала однапред


8ми пример: 1000 8 15
kiril_cvetkov wrote:Дали учесниците кои обезбедиле пласман на олимпијадата, треба да го потврдат нивното учество по мејл?


Да, но менторите се веќе информирани за ова (по маил)...
Прво, да ве информирам дека МОИ 2010 ќе се одржи на 15 мај 2010, во Кавадарци (ова го дознав пред 10 минути, па затоа не го пишав порано). Повеќе информации ќе бидат објавени на веб-сајтот на ЗИМ во наредните неколку дена (кога поточно, стварно незнам).

Второ, колку што ме информираа, на компјутерите ќе ги има инсталирано истите компајлери и развојни околини како на Државниот натпревар, но овојпат немало да може да се користи системот за натпревари (поради тоа што немало интернет, или така нешто ), па решенијата ќе ги предавате на крајот на натпреварот (како што беше лани)...

И трето, малку off-topic, да кажам дека се согласувам со се што кажа Игор во претходната порака.
Бидејќи нема баш голем интерес, ќе го одложиме натпреварот за после Олимпијадата
Јас мислам дека ќе нема доволно натпреварувачи, но еве...

Ако има заинтересирани за учество на таков неофицијален натпревар, нека се пријават со одговор на темава.
Ако има повеќе од 15 натпреварувачи, ќе направиме еден натпревар на 02.05.2010 (недела), во 18:00
Ќе има некои мали измени, но се ќе биде објаснето пред почеток на натпреварот
... поради подготовки за Државниот натпревар
Бидејќи е забрането користење на готови кодови, материјали и слично за време на натпреварот...
kiril_cvetkov wrote:Не верувам дека ќе одобрат.
Ако може тастатури, да може сите што сакаат да си носат и лап-топ од дома..
Од едноставна причина што не сакам да работам на закочените и спори виртуелни машини на ПМФ


Лаптоп сигурно нема да може да се носи
hristijan wrote:Ќе може ли оваа година покрај Dev-C++ да ставите и CodeBlocks на компјутерите?

И мене ми се допаѓа идејата, и ќе пробаме некако да обезбедиме и CodeBlocks, само неможам ништо да гарантирам, бидејќи мислам дека веќе ги имаат подготвено лабораториите за натпреварот.
 
Forum Index » Profile for Bojan Kostadinov » Messages posted by Bojan Kostadinov
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team