[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: obi1kenobi
Forum Index » Profile for obi1kenobi » Messages posted by obi1kenobi
Author Message
Епа бараше конкретен пример; тоа ти е конкретниот пример за идејата што ти ја предложив во мојот пост. Дали (4,5,2) е исто што и (4,5,3) или (4,5,1)?
Проблемот што го идентификуваше во првата идеја е вистински, значи на добар пат си.

Втората идеја што ја имаше е доста комплицирана, и колку што ми текнува мене не може ефикасно да се напише (барем не со разумен број на линии код).

Значи назад на првата идеја. Бфс функционира на тој начин што те спречува да посетуваш состојби кои се еквивалентни -- значи ако имаме две еквивалентни состојби, множествата состојби во кои може да се премине од нив мора да се еднакви.

Нека (x,y,k) означува дека си во поле (x,y) и следниот потег е k чекори долг. Прашањето е, дали (x,y,1) е еквивалентна состојба со (x,y,2) и (x,y,3)?
А тебе таа работа значи те привлекла на програмирање, а?
А што му фали на логото на Мендо? Ти би го сменил со pedobear?
Ако има луѓе кои се толку незаинтересирани за програмирање што не го отвараат форумов и не знаат за COCI и покрај сите мејлови и соопштенија на Миле, мислам дека
1. најверојатно не се доволно добри за ИОИ
2. не се мотивирани доволно за да заслужуваат да бидат пратени на ИОИ

За другите идеи немам ништо против лично, ама сум регистриран на системи кај што тие се имплементирани и јас лично никаков ќар не сум видел од нив... Искрено мислам дека има поважни работи што треба да се направат отколку тагови на задачите
1во и 2ро на МОИ, Кико

Иначе се сложувам со мислењето на Кико, ако има рејтинг систем тогаш треба да е чисто за да знаеш отприлика каде си во однос на другите, и не треба да има ама баш никакво влијание на официјалните натпревари.

Повеќе електронски натпревари не е лоша идеја се додека не се вреднуваат многу (или воопшто), ама па од друга страна натпреварите на COCI се одлични па сепак многу малку наши натпреварувачи се појавуваат таму...
Ако избришеш endl уште еден случај ти паѓа? Можеби ова ќе му биде интересно на @MOI?
Ти паѓа на погрешен одговор или на време? erase() на vector е релативно спора операција па ако е време, може да е до тоа...

Иначе зошто имаш ><< на cout и >< на ssorti?
Јас користам и

Мислам дека така кодот ќе ти биде уште почитлив
@MOI: Интересно, кај мене g++ не дозволува имплицитен каст од double во long long...
1. Користи [code] тагови, не фонт 16ка за код.

2. Провери ги тест примерите локално во дебагер и види зошто е неточно.
Како додаток на коментарот на Јован, не користи стари thread-ови за сосема неповрзани работи -- отвори нов.
"cin>>x" само по себе враќа boolean дали успешно се извршила или не
Кико ти во favorites си ја чуваш задачава?
Која матрица не можеш да ја направиш доволно голема? Колку голема сакаш да биде?

Не знам зошто, ама кодот не ти е форматиран убаво (со индентите има проблем) и е доста тежок за читање. Ако објасниш убаво што ти е идејата, од таму можеби ќе можам да ти помогнам подобро
 
Forum Index » Profile for obi1kenobi » Messages posted by obi1kenobi
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team