[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Зимска школа по информатика 2015  XML
Forum Index » Општа дискусија
Author Message
emil



Joined: 21/02/2010 18:51:17
Messages: 1
Offline

Здружението на информатичарите на Македонија организира Зимска школа за информатика. Школата би се одржала од 25.01. до 31.01.2015 година. Повеќе информации за заинтересираните: http://www.cs.org.mk/index.php/natprevari/zimskashkola
mihaildz



Joined: 11/12/2014 10:00:53
Messages: 7
Offline

Здраво, јас сум родител на средношколец кој сака да учествува во оваа Зимска школа за информатика па би сакал да поставам неколку прашања за школата во Битола. Дали е потребно некое предзнаење за учество во зимската школа? Дали е потребно носење на некоја опрема, лаптоп или друго? Дали ќе има човек задолжен за децата т.е. да не бидат оставени сами на себе. Дали организирано ќе одат в град или не е планирано одење в град. Колкав дел од денот ќе имаат за работа, учење а колкав за слободни активности? Дали е организирано скијањето и возењето со ски лифтовите? Дали има превоз до и од Молика или треба ние да го донесеме и земеме детето?
Ви благодарам.
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 445
Offline

mihaildz wrote:Здраво, јас сум родител на средношколец кој сака да учествува во оваа Зимска школа за информатика па би сакал да поставам неколку прашања за школата во Битола. Дали е потребно некое предзнаење за учество во зимската школа? Дали е потребно носење на некоја опрема, лаптоп или друго? Дали ќе има човек задолжен за децата т.е. да не бидат оставени сами на себе. Дали организирано ќе одат в град или не е планирано одење в град. Колкав дел од денот ќе имаат за работа, учење а колкав за слободни активности? Дали е организирано скијањето и возењето со ски лифтовите? Дали има превоз до и од Молика или треба ние да го донесеме и земеме детето?
Ви благодарам.

Ќе ги препратам прашањава до оние кои ја организираат школата, па ќе ги закачам тука одговорите. Од тоа што јас го знам, темите кои ќе бидат дискутирани се наведени на сајтот на ЗИМ, ќе има луѓе кои ќе бидат задолжени за децата (веројатно и јас ќе бидам еден од нив), и мислам дека ќе нема превоз до Молика.

Се извинуваме за доцнењето - незнам како не сме забележале дека има некој нов коментар на форумот. Обично брзо се одговара на сите прашања.
mihaildz



Joined: 11/12/2014 10:00:53
Messages: 7
Offline

Ви благодарам на одговорот. Ми беа потребни одговорите бидејќи има рок до крајот на следната недела за пријавување.
mile



Joined: 31/12/2009 17:32:27
Messages: 92
Offline

Почитуван Михаил,
се извинуваме за задоцнетиот одговор.

Во однос на прашањата:
Дали е потребно некое предзнаење за учество во зимската школа?
- Потребно е да има минимално познавање во програмирање (да може да реши барем половина од подготвителните задачи на МЕНДО, дел за почетници - http://mendo.mk/Training.do?cid=3)

Дали е потребно носење на некоја опрема, лаптоп или друго?
- Пожелно е да се носи лаптоп, но не е неопходно. Доволно е ако барем половина од учесниците имаат.

Дали ќе има човек задолжен за децата т.е. да не бидат оставени сами на себе.
- Се разбира дека ќе има (предавачи и/или аниматори).

Дали организирано ќе одат в град или не е планирано одење в град.
- Хотелот е релативно далеку од градот, и може да има само едно патување (се разбира организирано).

Колкав дел од денот ќе имаат за работа, учење а колкав за слободни активности?
- Поголем дел од деноноќието е предвидено за работа. Од вистинскиот ден кој трае 9:30 часа, околу 3-4 часа ќе бидат наменети за зимски активности на отворено.

Дали е организирано скијањето и возењето со ски лифтовите?
- Настава за скијање нема да има. Секој учесник ќе има дневен билет за едно возење до врвот Копанки.

Дали има превоз до и од Молика или треба ние да го донесеме и земеме детето?
- Превозот е во организација на родителите. Неколку дена пред почетокот на школата, во зависност од бројот на заинтересирани, можно е да организираме пречек во Битола (автобуска станица) и организиран превоз до хотелот.
mihaildz



Joined: 11/12/2014 10:00:53
Messages: 7
Offline

Ви благодарам на одговорите.
Како ќе не контактирате во врска со превозот, до колку организирате превоз од Битола до Молика и дали сигурно ќе организирате или ќе мора да доаѓаме со автомобил? До колку часот, кој ден треба да бидат децата во Битола? Каде треба да го потврдат учеството? Треба да се плати однапред? Дали може да се плати на сметка или само во готово?
Поздрав,
Михаил.
mile



Joined: 31/12/2009 17:32:27
Messages: 92
Offline

Детали ќе бидат објавени по 28-ми декември. Истите зависат од бројот на пријавени учесници.

При пополнување на пријавата се остава тел. број и е-адреса за контакт. Така ќе бидат сите родители контактирани.
mihaildz



Joined: 11/12/2014 10:00:53
Messages: 7
Offline

Здраво,
на толку прашања, изгледа го испуштив најважното:
Дали е зимската школа за време на зимскиот распуст или во време кога е веќе почнато второто полугодие?
mihaildz



Joined: 11/12/2014 10:00:53
Messages: 7
Offline

Зарем не може да се одржи оваа Зимска школа за време на распустот? Вака ќе имаат цела недела отсуство од училишна настава.
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 445
Offline

mihaildz wrote:Зарем не може да се одржи оваа Зимска школа за време на распустот? Вака ќе имаат цела недела отсуство од училишна настава.

Претпоставувам дека датумот е така одбран поради цената (ако се организира во време на распуст, веројатно ќе биде поскапо сместувањето).
mihaildz



Joined: 11/12/2014 10:00:53
Messages: 7
Offline

MOI wrote:
mihaildz wrote:Зарем не може да се одржи оваа Зимска школа за време на распустот? Вака ќе имаат цела недела отсуство од училишна настава.

Претпоставувам дека датумот е така одбран поради цената (ако се организира во време на распуст, веројатно ќе биде поскапо сместувањето).


Мислам дека поверојатно е терминот да е овој заради испитната сесија. Во секој случај, не знам кој ќе учествува ако не бидат ослободени од настава. Дали сами ќе треба децата да бараат од училиштето или ќе бидат ослободени по наредба од министерството не ми е баш јасно. Сепак, тешко да им дозволи некој на децата да отсуствуваат цела недела од настава.
mile



Joined: 31/12/2009 17:32:27
Messages: 92
Offline

Школата е планирана надвор од терминот на зимскиот распуст точно заради цената.

Сметаме дека талентираните ученици, кои би присуствувале на школата нема да имаат проблем да надополнат за пропуштениот дел од наставата. Тоа е востановена практика.

Барањето за ослободување од настава ќе го достави родителот (може во координација со професорот по информатика). Министерството не обезбедува индивидуална грижа за учениците (за различни случаи), но родителите - да.

Останатите инфоррмации, како што веќе кажав - зависат од интересот за школата и ќе може да бидат објавени по 28-ми декември.
PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

Повторно пропадна уште една прилика талентираните деца од провинција да научат нешто понапредно од она што им го предаваат на училиште. Штета.
 
Forum Index » Општа дискусија
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team