Nj1234 wrote:Jas sum nov ovde na forumov i vo c++ isto taka gi citam predavanjava solidni se za pocetnici moze da se naucat dosta raboti.Stignav do prvite zadaci nesto uspevam da resam nesto ne,i zabelezav deka treba da cekam dva dena za da vidam resenie od zadacite pa da sogledam kaj gresam a to mi izgledat premnogu dolgo .Ima li nacanin nekako da dojdam do gotovite resenija so cel ne da prepisam tuku da mozam da napravam analiza i sporedba tamu kaj so mi e potrebna bez da cekam dosta dolgo vreme.
Здраво, па има некои ученици кои бараат решение од другар или помош на форумот, или па дури и имаат направено два корисника на мендо (со две различни емаил адреси), но јас искрено сум против тоа. Сепак, како сакаш.
Поентата на чекањето не е за да те кочи во учењето или дека системот не сака/може да го покаже решението, туку да се обидеш сам да ги решиш задачите. Така најдобро се напредува - има луѓе кои само теоретски учат на памет, што е катастрофално - особено во делот со програмирање. Ова не го измислувам сега, туку можеш да најдеш и мислења/искуство од други ученици (без разлика дали сакаш да бидеш натпреварувач или не). Дури, кога решаваш сам, истражуваш (и учиш) и други работи со пребарување на Google и слично.