Nj1234 wrote:kako da go postavam ogranicuvanjeto X da e pogolem od Y i da koristi broevi od 1 do 100?
Ќе претпоставам дека зборуваш за задачата "Математика" од тренинг делот на МЕНДО. Во тој случај, нема потреба да поставуваш ограничувања или незнам што - тие броеви (1 до 100) означуваат за какви вредности треба да работи твојата програма (на пример, дека X и Y не може да се нула, што означува дека никогаш нема да имаш проблеми со делењето).
Второ, не треба да печатиш пораки како "Vnesi go prviot broj:" итн, туку излезот треба да е еднаков како што е дадено во задачата - т.е. да ги испечатиш само збирот, разликата, множењето и делењето.