Операторот / врши делење со отфрлање на остатокот. Операторот % го враќа остатокот од делењето. Во овој пример, со (k/10) ја бришеме последната цифра од бројот - а потоа, кога веќе имаме број со две цифри, со (% 10) ја земаме последната цифра од тој преостанат број (што е всушност средната цифра од троцифрениот број).
Да видиме преку пример. Нека k = 567. Во овој случај, 567/10 = 56. Потоа, со 56%10 добиваме остаток 6, што е всушност средната цифра од бројот 567 (што се бара во задачата).
P.S. Незнам зошто, ама очигледно не ме послуша дека треба да решаваш, или барем да ги извршиш програмите на твојот компјутер за некои примери, да пробаш што прави еден оператор, што друг и слично. Најдобро ќе сфатиш што како функционира ако решаваш задачи сам (или, ако не можеш сам подолго време и по повеќе обиди, тогаш го отвориш решението и се обидеш да разбереш како функционира некоја програма преку извршуваше за некои пример вредности [567, 456, 123, итн]). Подобро е повеќе време да потрошиш, него само да одиш брзо низ предавањата и задачите само колку да ги завршиш.
This message was edited 1 time. Last update was at 23/12/2017 15:25:55
|