Author |
Message |
11/04/2013 20:45:26
|
VasilK
Joined: 30/05/2010 12:29:35
Messages: 17
Offline
|
Pedobear ќе привлече повеќе млади ученици кон програмирањето, што е и целта на самиот проект
|
|
|
12/04/2013 04:10:56
|
obi1kenobi
Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline
|
А тебе таа работа значи те привлекла на програмирање, а?
|
|
|
21/02/2015 04:36:05
|
shellcode
Joined: 17/02/2012 00:48:59
Messages: 30
Offline
|
Неколку идеи што ги имам одамна и работи што би сакал да постојат на МЕНДО:
1. Да има едиторијал после секој натпревар, како на topcoder. Зошто? Секогаш постои задача/и чиј алгоритам голем дел од натпреварувачите не го сретнале дотогаш. Би било добро да се овозможи учење на нови работи после секој натпревар. Или пак, идеја или техника на решавање на одредена задача од натпреварот чие претставување би му овозможило на натпреварувачот да добие поголемо знаење и идеи кои би ги искористил во понатамошното решавање.
2. Да може да се гледаат решенијата од другите натпреварувачи. Зошто? Прва работа, тој што е тука за да учи и напредува, знаеме дека прво би се потрудил колку што може со цело свое знаење да реши одредена задача. Нема логика да не се даваат кодови ради тоа што некој би чекал се на готово. Тој што сака да научи, ќе научи, тој што сака само да копира, се знае. Имајќи увид во кодот од другите, сите можат да учат еден од друг и да напредуваат заедно.
3. Тагови за решението на секоја задача. Класификација на задачите. Динамичко програмирање, графови, binary search, математика, итн.
4. Посебен дел каде што сите би можеле да напишат туторијал и да претстават дел од своето знаење и искуство и да придонесат за поголем развој на МЕНДО. Незнам колкава би била заинтресираноста за ова, но доколку би имало такво нешто и би профункционирало би било супер.
5. Овозможување на донации за секој кој би бил спремен да донира за МЕНДО. Средствата би можеле да се искористат за многу работи. Прва работа што ми паѓа на памет предизвикана од претходната идеја, награди како стимулација за тие што придонесуваат за развој на туторијал секцијата на МЕНДО.
6. Организирање на собири, запознавање на натпреварувачите, дружење, итн. Малку чудна идеја и многу тешко изводлива али би сакал само да ја споменам
Поздрав.
|
|
|
22/02/2015 22:04:57
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
shellcode wrote:Неколку идеи што ги имам одамна и работи што би сакал да постојат на МЕНДО:
....
Интересни идеи. Ќе разгледаме. Генерално, во план ни е од следната година натпреварите да се организираат преку друг систем, така да ќе видиме што од ова може да се имплементира таму.
|
|
|
23/02/2015 22:03:16
|
shellcode
Joined: 17/02/2012 00:48:59
Messages: 30
Offline
|
Уште нешто што заборавив: Би сакал да се организираат собири, нешто како работилници каде што членовите би имале можност да презентираат дел од своето знаење и искуство, специфични алгоритми, техники, идеи, задачи и слично. Би било добро да се формира атмосфера за групно решавање и дружење во исто време. Поздрав.
|
|
|
24/02/2015 14:48:05
|
mihaildz
Joined: 11/12/2014 10:00:53
Messages: 7
Offline
|
Би било убаво кога би можеле и Вие да повикате учесници на натпреварите според активноста и успешноста на ученикот во решавањето на задачите на вашиот сајт. Вака, учеството на натпреварите зависи единствено од заинтересираноста на наставниците во училиштата. Без оглед дали некој ученик е заинтересиран да земе учество, без оглед дали е навлезен во информатиката повеќе од другите или едноставно сака да си го провери знаењето во областа на програмирањето, сето тоа е оставено единствено на добрата волја на наставниците. Во мојот град, за жал, нема ваква заинтересираност. Можеби треба да се потрудите и да го направите помасовно и на пониски нивоа, како што е математиката на пример. Да се организираат училишни па општински па регионални па државен натпревар. Има деца кои сакаат да земат учество во овие натпревари но едноставно немаат таква можност. Можете барем да организирате работилници и школи во време на летен или зимски распуст кога би имало поголема посетеност. Поздрав!
|
|
|
23/12/2017 19:36:28
|
Perez
Joined: 18/10/2014 18:53:59
Messages: 93
Offline
|
Да се направи на мендо.мк на пример за секоја задача да покажува од каков тип е на пример : Дали задачата се решава со ДП , дали е задачата е само математичка, дали се задачата е со Графови итн итн нешто како http://prntscr.com/hrh2g6
|
|
|
01/01/2018 11:28:55
|
Perez
Joined: 18/10/2014 18:53:59
Messages: 93
Offline
|
Надоградба на компајлерот C++ ставете GNU GCC 7.2.0 има многу нови работи
|
|
|
01/01/2018 13:24:55
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
Perez wrote:Надоградба на компајлерот C++ ставете GNU GCC 7.2.0 има многу нови работи
Тоа најчесто го правиме пред почетокот на натпреварите (таму некаде во февруари), за да не ја менуваме верзијата секој месец.
Инаку да, добра идеја.
|
|
|
06/01/2018 15:13:20
|
Perez
Joined: 18/10/2014 18:53:59
Messages: 93
Offline
|
Сугестија : Текстовите на задачите да се што пократки и појасни ( да го нема оној дел кај пример „Мендо и неговите мечињаа дрн дрн си играле со бројки“ ), многу пати со професорот кога решаваме задачи се откажуваме од вакви задачи кај што пола текст е само тоа , бараме кај што се кратки и јасни и прецизни барањата, бидејќи не знам за другите али за мене кажувам дека многу губам време додека ја разберам задачата.
eve primer kade sto jas resavam:
http://prntscr.com/hwu62o
http://prntscr.com/hwu6gj
This message was edited 2 times. Last update was at 06/01/2018 15:22:48
|
|
|
06/01/2018 15:23:53
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
Perez wrote:Сугестија : Текстовите на задачите да се што пократки и појасни ( да го нема оној дел кај пример „Мендо и неговите мечињаа дрн дрн си играле со бројки“ ), многу пати со професорот кога решаваме задачи се откажуваме од вакви задачи кај што пола текст е само тоа , бараме кај што се кратки и јасни и прецизни барањата, бидејќи не знам за другите али за мене кажувам дека многу губам време додека ја разберам задачата.
Го разбираме барањево, но МЕНДО е делумно систем за учење а делумно систем за спроведување на натпревари. На меѓународни натпревари постојат и (многу) подолги задачи, така да всушност идејата е да има некаков баланс - и кратки задачи и малку посложени.
Инаку, како (поранешен) натпреварувач, се сложувам со тебе дека пократките задачи се поубави.
|
|
|
19/01/2019 01:17:55
|
Tose Todorov
Joined: 23/02/2016 21:45:08
Messages: 15
Offline
|
Дали може да го апдејтирате jdk барем до Java 8 за да може да го користиме Stream API-то ?
|
|
|
20/01/2019 16:11:35
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
Tose Todorov wrote:Дали може да го апдејтирате jdk барем до Java 8 за да може да го користиме Stream API-то ?
Здраво, ќе се консултирам, ама не сум сигурен дека ќе биде до септември (кога ќе има и многу други промени на МЕНДО, друг начин на извршување и слично).
Едноставно, на натпреварите не се користи тој јазик, предавањата и слично се поврзани со C, C++ или Паскал, така да не е некој приоритет - на жалост.
Инаку, направив еден брз експеримент да пребарам во сите Јава решенија колку луѓе пробале да користат streams, labmda и слично во Јава, и бројот е исклучително мал, така да поради тоа пишав дека можеби нема да биде приоритет.
Фала за сугестијата во секој случај. Ќе споделам тука ако има некој update.
|
|
|
|