Itsmee2 wrote:Zdravo, Ce moze nekoj da mi kaze, kolku operacii ce se izvrsuvaat na mendo za 1 sekunda?
Тоа е тешко да се одговори, бидејќи не знаеме за какви операции зборуваш. Денешните компјутери се доста сложени, и некои операции се изведуваат побрзо од други (на пример, собирање + е побрзо од барање остаток при делење %). Слично, компајлерите често користат оптимизации со кои може да го преуредат нашиот код за да е поефикасен.
На USACO пишува дека сигурна бројка е околу 100 милиони операции (често и повеќе од тоа), и тоа доста добро ми служело досега, така да би ти препорачал да ја имаш таа бројка во предвид.