Би ми мило доколку некој би ми помогнал околу задачата Коалиција од овогодинешниот регионален натпревар (http://mendo.mk/Task.do?id=706). Ја сватив идеата на задачата и ја употребив правилната формула и задачата ми работи за пола и повеќе од тест случаевите, но не и за случаеви во кои резултатите се екстремно големи бројки. Пробав и со long long int, но не успеав да ја решам. Доколку некој би ми дал предлог за да го средам овој проблем, би му/и бил многу благодарен.
|