[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
GNU/Linux околина  XML
Forum Index » Општа дискусија
Author Message
macstr1k3r



Joined: 24/02/2011 00:57:16
Messages: 10
Offline

Прашање:
Дали е можно оваа година да можеме да бираме во која околина сакаме да работиме. Лани имаше само Windows околина, бидејќи и Windows-от се работи во виртуелна машина, можно ли е да излеземе малку од рамката на меѓународните натпревари и да дозволиме да бираме помеѓу Windows и GNU/Linux.

Ништо не ни менува доколку добиемене Ubuntu со CodeBlocks инсталирано. Мене би ми одговарало од алатаки, vim, (gcc,g++,fpc), gmb, valgrind. Можеби ќе има уште некој заинтересиран за вакво нешто. Доколку дојде до таму и некоја анкетичка „со цел да се испита јавното мислење“ мислам дека не би претставувала некој голем проблем.

Благодарам однапред на одговорот.
PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

А што добиваш со тоа? Работиш со CodeBlocks (или FireFox, на пример), а не со Windows или Linux. Освен тоа, сметам дека сите натпреварувачи мораат да се натпреваруваат во идентични услови.
obi1kenobi



Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline

Зависи колку е извежбан со vim. Кај мене на факс има дечки што куцаат 140 збора во минута и затоа што сите користат vim, испаѓа дека пишуваат код барем дупло побрзо од мене

Најголемиот проблем што јас го гледам е тоа што виртуелните машини (барем лани) користат VirtualPC, што не поддржува Linux. Тоа значи дека додавање на Linux е голем логистички проблем. Разликата во услови помеѓу натпреварувачите е занемарлива.

@macstr1k3r: gvim можеш да go користиш во Windows, па можеби ако организаторите се расположени да го додадат...
PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

Мене лично никогаш не ми било проблем брзината на прстите, туку брзината на сивите мозочни клетки (Освен еднаш кога ми беше раката во гипс ). А како второ, немојте организаторот да го третирате како Дедо Мраз и да барата да ви ги исполнува сите желби, оти така крај нема да има. Правилата се објавени, условите исто, па кој сака да се натпреварува, нека повели. Барем јас така сметам.
macstr1k3r



Joined: 24/02/2011 00:57:16
Messages: 10
Offline

PapaZone wrote:Работиш со CodeBlocks (или FireFox, на пример), Освен тоа, сметам дека сите натпреварувачи мораат да се натпреваруваат во идентични услови.


1. CB, FF или пак gdb&valgrind
2. Аргументот дека сите натпреварувачи треба да се наптреваруваа во исти услов(исти алатки) некако не држи вода. Единствено нешто што мора да биде исто е компајлерот(правилата е специфицирано дека ќе се оценуваат задачите со gcc). Поволностите кои што натпреварувачите ќе ги добијат со користење на алатки на кои се навикнати во никој случај не се занемарливи.

Постов ми личи повеќе, како ти нешто да браниш. Бидејќи даде аргумент дека сите треба да користиме исти алатки, и дека не зависиме од оперативни системи значи дека немаш ништо против овој предлог.

Во правилата веќе е специфицирано дека ќе треба да се користи CodeBlocks, но во секој случај би сакал доколку некој од организаторите ја чита темава да одговори на неа. Најверојатно ништо од ова барање ама мое си е да прашам, да не ми е криво после.
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

1. Што се однесува за Vim, не гледам некој голем проблем да се инсталира и на Windows платформа (http://www.vim.org/download.php - делот за MS-Windows)
2. За Ubuntu-то, не можам баш да одговорам во моментов - не знам со сигурност каде ќе се одржи државниот натпревар и, со тоа и колку би било тешко да се понудат два оперативни системи.
3. Мислам дека нема потреба од креирање на некоја посебна анкета на темава - ако постојат натпреварувачи кои сакаат да се натпреваруваат под Linux можат да си го кажат мислењето тука. Нормално, што повеќе луѓе го подржат барањето, тоа е поголема веројатноста дека ќе се реализира.

      *Joke* Ако не сте приметиле, MS е ставен како прв поддржувач на натпреварите -> (http://mendo.mk/ - види десно листа на поддржувачи). Just sayin'

This message was edited 1 time. Last update was at 17/02/2012 00:51:12

PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

@macstr1k3r: Не бранам никого, само сметам дека предлогот не е многу разумен. CB си е CB и тебе ништо не ти менува дали го користиш под Windоws, Linux, MAC OS или нешто трето, само им правиш проблеми на организаторите. Не знам колку си приметил, ама натпреварите се осмислени да не зависат од оперативниот систем, бидејќи се забранети системски сервиси (повици), користење на глувче и слично. Немам ништо против натпреварувачите да користат и друга платформа, само сметам дека треба да биде стандардизирано.
На секој по ќефот не може да му се оди, некој сака MS, некој Ubuntu, Fedora, некој Mac .... За секој натпреварувач посебна конфигурација? Нема никаков смисол.
BTW, не сум натпреварувач туку ментор и понатаму сметам дека децата треба да се натпреваруваат под идентични услови, инаку како ќе може да се врши рангирање и вреднување на нивното знаење и труд?
obi1kenobi



Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline

MOI wrote:1. Што се однесува за Vim, не гледам некој голем проблем да се инсталира и на Windows платформа (http://www.vim.org/download.php - делот за MS-Windows)
2. За Ubuntu-то, не можам баш да одговорам во моментов - не знам со сигурност каде ќе се одржи државниот натпревар и, со тоа и колку би било тешко да се понудат два оперативни системи.
3. Мислам дека нема потреба од креирање на некоја посебна анкета на темава - ако постојат натпреварувачи кои сакаат да се натпреваруваат под Linux можат да си го кажат мислењето тука. Нормално, што повеќе луѓе го подржат барањето, тоа е поголема веројатноста дека ќе се реализира.

*Joke* Ако не сте приметиле, MS е ставен како прв поддржувач на натпреварите -> (http://mendo.mk/ - види десно листа на поддржувачи). Just sayin'


Ех што би сакал C# да имаше на натпревариве...
PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

Тооооо OBI !!!

May the force be with you.

This message was edited 2 times. Last update was at 20/02/2012 12:52:05

 
Forum Index » Општа дискусија
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team