MOI wrote:
bedzo wrote:Прочитав.. Се е супер, но мислам дека треба да направите и првото место/а од почетничка да одат на олимпијада.
Оние кои што сметаат дека можат да решаваат задачи од МОИ треба да одберат основна или напредна група. Во правилата пишува дека почетничка група се "ученици кои за прв пат учествуваат на натпреварите, сеуште имаат мали познавања од програмирање и се основно училиште или прва или втора година средно училиште".
Можеш да направиш споредба на задачите од регионален или државен натпревар за почетничка група (објавени во делот тренинг) со задачите од МОИ, ќе видиш дека има голема разлика.
Глорија wrote:А нели може ние од почетничка да учествуваме на државен и сл?
Според објавената агенда, регионалниот и државниот натпревар за почетничка група ќе се одржуваат во термини различни од термините на регионалниот и државниот натпревар за основна и напредна група.
Значи, ќе има државен натпревар, но тој ќе се одржи во посебен термин (календарот е објавен на почетната страница на системот, еве и директен
линк). Освен терминот, нема некои поголеми промени во однос на минатиот циклус - секоја група (почетничка, основна, напредна) се натпреварува независно (различни задачи и рангирање).