Author |
Message |
|
KosevaM wrote:Би сакала да ве известам дека регионалниот натпревар е на иста дата со општинскиот натпревар по математика за основно образование, а државниот е на иста дата со регионалниот натпревар математика. Дали ќе може да се преземе нешто за ова, бидејќи верувам дека не сум единствена што би сакала да учествува и на двата натпревари?
Ја препратив твојата порака до оние кои одлучуваат за термините на натпреварите. Секоја година (на почеток) има поклопување со натпреварите по математика, но секоја година се изнајдува некое решение - се надевам и оваа година
|
 |
|
mihaildz wrote:Зарем не може да се одржи оваа Зимска школа за време на распустот? Вака ќе имаат цела недела отсуство од училишна настава.
Претпоставувам дека датумот е така одбран поради цената (ако се организира во време на распуст, веројатно ќе биде поскапо сместувањето).
|
 |
|
metodi97 wrote:Што е проблемот со овој код? Серверот не сака да го прифати како точен а сите тест случаи излегуваат точно.
Da -> DA (со големи букви)
Ne -> NE (со големи букви)
|
 |
|
mihaildz wrote:Здраво, јас сум родител на средношколец кој сака да учествува во оваа Зимска школа за информатика па би сакал да поставам неколку прашања за школата во Битола. Дали е потребно некое предзнаење за учество во зимската школа? Дали е потребно носење на некоја опрема, лаптоп или друго? Дали ќе има човек задолжен за децата т.е. да не бидат оставени сами на себе. Дали организирано ќе одат в град или не е планирано одење в град. Колкав дел од денот ќе имаат за работа, учење а колкав за слободни активности? Дали е организирано скијањето и возењето со ски лифтовите? Дали има превоз до и од Молика или треба ние да го донесеме и земеме детето?
Ви благодарам.
Ќе ги препратам прашањава до оние кои ја организираат школата, па ќе ги закачам тука одговорите. Од тоа што јас го знам, темите кои ќе бидат дискутирани се наведени на сајтот на ЗИМ, ќе има луѓе кои ќе бидат задолжени за децата (веројатно и јас ќе бидам еден од нив), и мислам дека ќе нема превоз до Молика.
Се извинуваме за доцнењето - незнам како не сме забележале дека има некој нов коментар на форумот. Обично брзо се одговара на сите прашања.
|
 |
|
Daree122 wrote:Значи како и сите други задачи ја почнав задачата за ПОДРЕДУВАЊЕ ја напишав се како што треба (барем ја мислам така) бидејки кога одев "RUN" внесував 3 броја и ми ги подредуваше од најмал до најголем све како што треба..Одам на Мендо го ставам кодот на задачата и ми пишува грешка.. Ако треба ке ви го пратам кодот да проверите и вие..Благодарам однапред..
Пиши го кодот тука, ќе ја најдеме грешката.
|
 |
|
viktor998 wrote:Здраво ми треба помош за задача од C++
Почетник сум во програмирањето па ке ми треба и објаснување некое.
Не си се потрудил доволно, ама ај:
**Вики - Прв електронски натпревар**.
|
 |
|
nodik0800 wrote:Can you please check the Time Limits ?
They are not right
Any task in particular?
|
 |
|
Еве и поправен код. Размисли зошто работи овој, а не тој што го прати претходно.
|
 |
|
Добри се тест случаите. Еве ти еден пример од кој, мислам, можеш лесно да си ја најдеш грешката:
3 3
3
1
1 1
|
 |
|
shellcode wrote:Како се решава за задачава за 100 бода? Освен bfs не ми текнува друго ама ова не поминува. Фала 
Коцкички се прават околу секое поле кое е иницијално во барок. Ако е на почеток коцка со димензии 1*1, следниот месец ќе биде коцка со димензии 3*3, па 5*5, итн.
Потоа можеш да бараш унија на коцкичките, или да одиш ред по ред: да видиш во прв ред колку има полиња кои се барок (пресек на интервали), во втор ред колку има, итн до L-ти ред.
|
 |
|
MarijaC wrote:Samo da prasam, kako gi resivte zadacite "Slika" i "Barok"? Zarem ne bea tie dve so dvodimenzionalni nizi?
За слика, ако обележиме со T=број на единици (1) пред првата двојка (2), и со N = број на елементи (ги броиш додека не стигнеш до тројка)
ширината ти е T-1
висината ти е (N / ширина)
Барок може и со дводимензионална низа и со обична низа.
|
 |
|
barbara_stef wrote:Зошто не можам да го најдам делот со задачи за регионален натпревар?
Немате одбрано група - http://mendo.mk/jforum/posts/list/335.page.
|
 |
|
mariomako wrote:Здраво,
решавајќи ги задачите од тренинг делот наидов на еден проблем, т.с. работа со големи броеви кои неможат да се зачуваат ниту како long long int, па ме интересира како вие работите со овие броеви? Првин што ми текна беше да ги направам низа од карактери, но како после би можел да ги собирам, одземам или слично.
Поздрав,
Марио
Низа од карактери, или низа од броеви кои ќе ти соодветствуваат на цифрите. Не е толку тешко да се напишат функции за собирање и одземање.
|
 |
|
Види прво тука -> http://mendo.mk/jforum/posts/list/329.page. typeof(k) не е стандарден оператор, а од C++11 наваму треба да користиш decltype(k) за истата намена.
Инаку, во C++11 е многу полесно да го напишеш тоа што го сакаш, користејќи auto. Види го првиот define.
Јас лично се помалку и помалку работам во C++, така да ако има некој што се разбира повеќе, нека пише...
|
 |
|
Додадени се задачите и од ЈБОИ 2013. Сега, на МЕНДО, ги има задачите од сите досега одржани Јуниорски Балкански Олимпијади по Информатика.
|
 |
|