Author |
Message |
|
Јас ги најдов овие грешки (можно е да има и други):
1. readln(g[i]) треба да биде read(g[i]) - истата грешка што ја дискутиравме во другата тема
2. алгоритамот не чини - види го овој пример:
3
1 6 6
|
 |
|
Goran1 wrote:Bidejki staviv broevite da se vo -1..100 i programata koga ja kompajliram raboti, no koga ja prakam resenieto ne e tocno, pa pretpostavuvam problemot e vo deklaracijata;
Добро ти е напишано. Проблемот со програмата е што наместотреба да биде
Скокаш во нов ред од кога ќе прочиташ еден цел број, но во тест случаите се дадени по неколку броеви во еден ред (колку што има колони квадратот).
Инаку, да повторам уште еднаш: нема потреба на овој начин да ги ограничуваш променливите - вредностите секогаш ќе бидат во границите како што е дефинирано во текстот на задачата. Ако се работи за цел број стави само тип integer (опсег помеѓу -32768 и 32767), или уште подобро longint (опсег помеѓу -2147483648 и 2147483647).
(Во иднина, постави го и кодот што си го испратил, за да можат и другите натпреварувачи да знаат за што се работи - да можат и тие да помогнат)
|
 |
|
@filip_bujaroski: не ти чини проверката на првиот дел (А) од адресата "A.B.C.D", бидејќи ги земаш цифрите во обратен редослед - наместо од 0 до i-1, треба да се движиш од i-1 до 0. Исто, имаш грешка во проверката на тоа дали еден дел од адресата почнува со 0. Еве го (средениот) код:
Инаку, кодот делува некако несреден. Пробај да користиш функции - имаш делови од кодот кој се повторуваат по неколку пати.
|
 |
|
И мене не ми е јасен проблемот - ако лани за прв пат си учествувал во натпреварите, можеш да одбереш основна група. Инаку, ако си учествувал во два циклуса натпревари (2010 и 2011), според правилата (најмногу две учества) не можеш веќе да си основна група.
|
 |
|
bedzo wrote:Може да ги ставите задачите во тренинг?
прочитај што е напишано во темава.
|
 |
|
VasilK wrote:Како се решава задачава?
Ги подредуваш програмите според времето на извршување - програмата која има најдолго време на извршување [Ei] ќе ја подготвиш прва, потоа онаа со второ најдолго време на извршување, итн. За секоја програма, откога ќе се подготви, веднаш ја ставаш да се извршува - бидејќи МЕНДО има 1000000000 сервери на кои може да се извршуваат програми .
|
 |
|
Натпреварот заврши. Објавени се резултатите и додадени се задачите во делот за тренинг (Тренинг -> [Други] -> Телефон, Програми, Адреса, Натпревар).
|
 |
|
filip_bujaroski wrote:Kako da birame koja grupa kje bideme na ovoj natprevar?
Еден натпревар е - сите учесници ќе решаваат исти (4) задачи.
|
 |
|
David993 wrote:Dali onie koi se prijaveni minatata godina od strana na mentorite treba povtorno da bidat prijaveni od mentorite? (se odnesuva za celiot natprevar)
Ако си во листата на поканети учесници за Државниот натпревар - да, ќе треба некој од училиштето да потврди дека си ученик таму. Твоја задача (засега) е да одбереш во која група ќе се натпреваруваш (дел Профил -> Циклус натпревари 2012) и да учествуваш на натпреварите .
|
 |
|
Goran1 wrote:Dali za test natprevarot treba prijava od mentor?
Не.
OP Magic Potato wrote:sto ako nekoj ne e na vreme za pocetok na natprevarot? na pr vleguva na stranata na mendo vo 16:10, dali ke moze da gi vidi zadacite i da prakja reshenija?
Да. Ќе може да ги види задачите и да праќа решенија
|
 |
|
@bedzo: не ја анализирав целата програма, ама ако си пресметал minn за (rx, ry), зошто тоа ти влијае на 3те други ќошиња ((rx, y1), ...) - види ја втората слика што јас ја прикачив - ако растојанието minn кај едното ќоше (горе лево) е на пример 10 и со тоа си го пополнил векторот a, не би требало minn да има, никакво, влијание на пополнувањето на другите вектори - b, c и d. Ти, некако, очекуваш дека растојанието од една раскрсница со ознаки (сино кругче) треба да е еднакво до сите ќошеви.
Исто, внимавај на именувањето (ти сметаш дека X се редовите, а Y колоните), но всушност (R се редовите, а C колоните) - мислам дека ќе сфатиш што зборувам - во алгоритамот (rx, cx, ry, cy) означува правоаголник со ќошеви (rx, cx) и (ry, cy), а не правоаголник со ќошеви (rx, ry) и (cx, cy). Имаш ваква грешка уште во почетокот на програмата - ако делиш на половина како што ти е напишано во програмата [(rx+ry)/2, (cx+cy)/2] наместо d(1, N, 1, M), веројатно треба да биде d(1, 1, N, M). Ќе треба да ги смениш параметрите и кај другава функција f.
|
 |
|
Nikola Danevski wrote:Веднаш ли кога на пример ќе се вклучиме ќе ги има задачите поставени?
пр. Ако се вклучиме во 16:01 задачите веќе ќе се поставени така? 
Да, во 16:00 ќе се поставени сите задачи.
|
 |
|
На 24.03.2012 (со почеток во 16:00 часот) ќе се одржи "Тест натпревар", кој ќе биде спроведуван на истиот начин како и претстојниот Регионален натпревар по информатика (за сите групи - почетничка, основна и напредна). Иако нема да носи поени, ова е одлична вежба за сите оние кои планираат да учествуваат во Циклусот натпревари по информатика 2012, а особено за оние кои по прв пат учествуваат во натпреварите организирани од страна на ЗИМ.
До натпреварот можете да пристапите преку линкот Натпревари.
--------------
(Ако сте ги прочитале правилата, можете да го скокнете овој дел)
Оние кои по прв пат учествуваат во натпреварите треба да знаат дека начинот на тестирање и оценување за време на натпревар е различен од начинот на тестирање и оценување во делот тренинг.
Имено, наместо целосно да се тестираат решенијата веднаш од кога ќе ги испратите, за време на натпревар решенијата се тестираат само на (еден или два) тест примери дадени во текстот на задачата (со цел да се спречат едноставни грешки при читање или печатење на податоците). Исклучок од ова се задачите со т.н. детален повратен одговор. Да цитирам од правилата -> "За дел од задачите ќе биде овозможен детален повратен одговор. За секоја задача со овозможен детален повратен одговор, секое прифатено испратено решение ќе биде тестирано на дел од официјалните тест случаи.". Внимавајте, без разлика дали за една задача има овозможен детален повратен одговор или не, додека не заврши натпреварот не можете со сигирност да знаете дали решението на една задача ви е точно (ќе ги освои сите поени предвидени за таа задача) или не. Затоа, проверете ги вашите решенија пред да ги испратите (и, освен на оние примери кои се дадени во текстот на задачата, обидете се да ги тестирате и на други примери).
Поените кои ќе ги освоите на еден натпревар претставува збир од поените кои ќе ги освоите на секоја од (најмногу четирите) задачи кои ќе бидат поставени на тој натпревар. Поените кои ќе ги добиете за една задача зависат од бројот на тест случаи на кои вашето решение ќе испечати точен одговор.
|
 |
|
Хмм, кажав дека функцијата f(r, c) враќа листа на раскрсници со ознаки (сини кругчиња) кои се најблиски до раскрсницата (r, c), и дека тој резултат треба да го споредуваш за еднаквост.
Да го разгледаме примерот од сликата - ги означив раскрсниците со ознаки (сините кругчиња) со броевите од 1 до 4.
Сега, f(ќоше горе лево) = {3} (бидејќи 3 е најблиска раскрсница), f(ќоше горе десно) = {4}, f(ќоше доле лево) = {1}, f(ќоше доле десно) = {2}. Како што гледаш, не се сите листи исти, па продолжуваме со алгоритамот така што го делиме овој правоаголник на четири помали.
Да разгледаме сега еден помал правоаголник - означен на сликата (горе лево):
За ова правоаголниче, f(ќоше горе лево) = {3}, f(ќоше горе десно) = {3}, f(ќоше доле лево) = {3}, f(ќоше доле десно) = {3}. Како што гледаш, сите листи се исти. Тука, бидејќи листите вратија по само една раскрсница, ниту една од раскрсниците во правоаголникот не се збунувачки.
Да разгледаме сега, уште еден помал правоаголник - означен на сликата (лево средина):
За ова правоаголниче, f(ќоше горе лево) = {1, 3}, f(ќоше горе десно) = {1, 3}, f(ќоше доле лево) = {1, 3}, f(ќоше доле десно) = {1, 3}. Како што гледаш, сите листи се исти (всушност, бидејќи имаме само еден ред - ќошевите горе лево и доле лево, како и ќошевите горе десно и доле десно се исти). Тука, бидејќи листите вратија повеќе од една раскрсница (вратија две -> 1 и 3), сите раскрсници во правоаголникот се збунувачки.
Се надевам дека сега е појасно
|
 |
|
Ќе биде од 16:00 до 19:00.
|
 |
|
|
|