[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: MOI
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Author Message
Главната идеја е да ја делиме околината (divide & conquer) на помали правоаголници се додека не стигнеме до правоаголник за кој сигурно знаеме дека, сите раскрсници кои се наоѓаат во него се збунувачки или сите не се.

Нека имаме функција f(r, c) која враќа листа на раскрсници со ознаки (сини кругчиња) кои се најблиски до раскрсницата (r, c). Тогаш, за секој правоаголник (rx, cx, ry, cy), важи ->
      ако f(rx, cx) = f(rx, cy) = f(ry, cx) = f(ry, cy) = X,
      тогаш f(r, c) = X за секоја раскрсница во правоаголникот (rx, cx, ry, cy).

Значи, (рекурзивниот) алгоритам е


filip_bujaroski wrote:Dali e mozno da si go smenam nickname-ot na stranava?
Nemam nekoja posebna pricina, samo smetam deka filip_bujaroski e mnogu lame

Како што кажав тука - само со испраќање на барање на natprevar@gmail.com (со соодветно образложение зошто ја барате промената - твоево образложение не чини, смисли некое подобро).
Преправи
во
Ти декларираш низа со големина 10000, каде елементите се движат од stepeni[0] до stepeni[9999] - а потоа, во програмата пристапуваш до елементот stepeni[10000]. Во овој случај (кога пристапуваш до меморија надвор од низата) однесувањето на програмата е недефинирано (веројатно, затоа кај тебе дома програмата печати едно, а на МЕНДО друго).

Истата грешка си ја направил и кај другата задача (Мој број). Преправи
во
Bozhidar wrote:Каде треба да потенцираме во која група сакаме да бидеме? Ги прочитав правилата и дополнителните не најдов ништо.
Благодарам.

Одговорено на претходната страна од темава (страна 2 -> претпоследен коментар)
Bozhidar wrote:Ова значи дека сите решенија се важат, како и тие во делот почетници?
Благодарам.

Сите се важат.
Amigo wrote:Може објаснување за тест случајот што е претставен подолу ( 1 5 .. 4 ) И не разбав дали z треба да биде помеѓу p i k (p< z <k) или пак може да биде и еднакво на p односно k (p<= z <= k). Благодарам однапред..
Поздрав..

Биквадрати (помеѓу 1 и 5) се: 1, 2, 4 и 5. 3 не е биквадрат.

1*1 + 0*0 = 1 (затоа е 1 биквадрат)
1*1 + 1*1 = 2 (затоа е 2 биквадрат)
2*2 + 0*0 = 4 (затоа е 4 биквадрат)
2*2 + 1*1 = 5 (затоа е 5 биквадрат)
vaseiliev07 wrote:Каде и кога ќе се одржуваат натпреварите и дали ќе има некоја посебна регистрација за учеството ?

Уф, многу прашања
      1. Кога ќе се одржуваат натпреварите? -> види ја почетната страница на МЕНДО (mendo.mk) или прочитај го првото мислење во темава. Има линк "КАЛЕНДАР" каде се објавени датумите за секој натпревар. Точното време (час кога почнува одреден натпревар) ќе биде објавено неколку дена пред почетокот на соодветниот натпревар.
      2. Каде ќе се одржуваат натпреварите? -> регионалниот натпревар ќе се одржува on-line (преку mendo.mk). Другите натпревари ќе се одржуваат on-site *некаде* (незнам уште каде - ама ќе биде соодветно објавено барем 1 недела пред натпреварот). Повеќе информации имаш во линкот "ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАВИЛА".
      3. Дали има некоја посебна регистрација? -> нема некоја посебна регистрација за натпреварите, освен тоа да се одбере група во која ќе се натпреваруваш. Тоа (веројатно) веќе си го направил кога си се регистрирал на системот. Промени можеш да правиш во Профил -> Циклус натпревари 2012.
Mihajlo wrote:И јас го имам истиот проблем, во мојот случај програмата се компајлира и извршува.. Некоја идеја?

Кај тебе проблемот е што се обидуваш да прочиташ податоци од датотека ("artefakt.in"), а треба да читаш податоци од стандарден влез (тастатура). Исто и за печатењето на податоци - треба да запишуваш на стандарден излез (екран).

Види пример програма во документот
        Правила за натпревари 2012 (претпоследна страна)
Не ги видов сите твои обиди да ја решиш задачата, ама забелешките што ги имам за твоето последно испратено решение се:
    1. Кога решаваш задачи на МЕНДО (и на било кој друг сличен систем), ограничувањата што се дадени во текстот на задачата нема потреба да ги проверуваш:

    2. Една од променливите (zbor) не ти содржи никаква вредност (нејзината вредност е недефинирана, може да биде било што) кога програмата треба да отпечати "strana". Додели и било каква вредност различна од 'a' и 'b' при декларацијата (на пример char zbor = 's') и програмата ти работи на сите тест примери. Прочитај го првиот одговор на ова прашање: http://stackoverflow.com/questions/1597405/what-happens-to-a-declared-uninitialized-variable-in-c-does-it-have-a-value
Петре wrote:Тема: Регистрација и пристап до постоечки акаунт
Прашање 1: Доколку учениците од основните училишта сакаат да се регистрираат во системот, а сакаат да одберат една од групите (почетна, основна или напредна) по автоматизам можат да изберат само средно училиште ??? и година I,II,III, или IV????, а така избраните податоци не се валидни???? Како да се регистрираме?

     Профил -> Циклус натпревари 2012
               - одберете група (почетничка, основна, напредна)
               - одберете клас (на пример, [основно] 6)

За училиште има само една опција "наведено во профилот" - тоа е училиштето што е потполнето при регистрација (може да се промени во делот "Профил").
Исто и на модераторите ќе им биде полесно да ја најдат грешката доколку кодот е даден во темата - да не губат време на барање решенија низ системот

Инаку, грешката во кодот ти е што не ги иницијализираш сите вредности од матрицата до кои пристапуваш. Замени го овој дел од кодот:

со

Подоле во кодот пристапуваш до matrica[x][0], а вредностите на тие позиции се недефинирани.
Во првото мислење во темава (втора реченица) пишува: "... сите ученици од основното и средното образование..."
Истото го пишува и во документот "Натпревари по информатика 2012 - Правила", исто така даден во првиот пост (мислење).

Незнам што не е јасно тука. Посебна категорија ли се нешто 6-то одделенците?
1. Што се однесува за Vim, не гледам некој голем проблем да се инсталира и на Windows платформа (http://www.vim.org/download.php - делот за MS-Windows)
2. За Ubuntu-то, не можам баш да одговорам во моментов - не знам со сигурност каде ќе се одржи државниот натпревар и, со тоа и колку би било тешко да се понудат два оперативни системи.
3. Мислам дека нема потреба од креирање на некоја посебна анкета на темава - ако постојат натпреварувачи кои сакаат да се натпреваруваат под Linux можат да си го кажат мислењето тука. Нормално, што повеќе луѓе го подржат барањето, тоа е поголема веројатноста дека ќе се реализира.

      *Joke* Ако не сте приметиле, MS е ставен како прв поддржувач на натпреварите -> (http://mendo.mk/ - види десно листа на поддржувачи). Just sayin'
bedzo wrote:Не, прашањето ми беше дали ќе бидат различни поените на задачите од групите. Бидејќи како што гледам сите поени се сумират и се составува целосна ранк листа за кој да влезе на МОИ.

    1. Се прави ранг листа - за секоја група посебно (види правила - тоа е она што викаш "сите поени се сумираат").
    2. Најдобрите од секоја група (според ранг листата 1) се покануваат на МОИ.

Не постои "заедничка" ранг листа каде ќе бидат собрани поените од сите натпреварувачи од сите групи.
bedzo wrote:Дали од основна група може да се стигне на меѓународен натпревар и дали сите задачи на сите групи ќе носат по 100 поени или различно ќе се бодираат?

Може да се стигне - со добар резултат на МОИ. Прочитај ги правилата - таму пишува кој натпревар колку поени носи, колку (најмалку) натпреварувачи од основна група ќе бидат поканети на МОИ, итн.
 
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team