[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: MOI
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Author Message
Еве ги резултатите од првиот изборен натпревар:

VasilK wrote:Ќе може задачите од изборните натпревари да ги ставите во тренинг делот?

На жалост, не. Како што беше кажано и минатата година (во некоја тема на форумов), тие задачи не се напишани од нас (се од други национални или меѓународни натпревари), и не би било во ред (без дозвола на организаторот на тие натпревари) да ги објавуваме на нашиот сајт.
DruiDAlek wrote:Сакам да прашам за подготовките, дали може учесници од државниот натпревар да учествуваат ( што не продолжиле на Олимпијада ). И дали би имал некоја корист од нив со оглед на тоа што работам во Pascal, претпоставувам повеќето што се на Олимпијада работат во C, односно дали припремите ќе бидат само во C

На веб-сајтот на ЗИМ пишува - цитирам "...задолжителни се за натпреварувачите кои продолжуваат на првиот изборен натпревар, а можат да бидат посетени и од други учесници на натпреварите...".

Околу второто прашање, на истото место (линк) пишува и - цитирам "...организира подготвителни часови за решавање на задачи од интернациналните натпревари...". Ако мислиш дека би имал некоја корист (јас, нормално, мислам дека би имал) слободно дојди во долната зграда на ИИ - термините ги пишува на веб-сајтот на ЗИМ и на почетната страница на системот.
bedzo wrote:Симнав и тест примери и се.. Ми минува локално, а паѓа на тестирање.
Еве код: http://pastebin.com/QrVD9KSN

Не можеш така да претвориш реален број во цел. Види ја оваа тема - http://mendo.mk/jforum/posts/list/76.page.

Инаку, имаш и друга грешка во кодот. Откако ќе го промениш начинот на претварање на броевите - ќе можеш да си ја најдеш грешката локално.

nikola3103 wrote:Ако сфатив убаво, на подготовските затолжително треба да присуствуваат сите што учествуваа на олимпијада така? Зашто пишува сите што поминуваат на првиот изборен натпревар а подготовките се пред изборниот.


пишува сите "кои продолжуваат на првиот изборен натпревар" - значи сите кои се поканети на првиот изборен натпревар, а тоа се сите кои учествуваа на МОИ 2011
После МОИ: Подготовки за интернационалните натпревари и изборни натпревари
lunatic3331 wrote:Се извинувам но вчера не бев во можност да бидам присутен на доделувањето на медалите. Како би можел да си го подигнам медалот?

Пиши е-маил на natprevar@gmail.com.
Hristijan1 wrote:treba da gi dodadete zadacite od 2riot elektronski natprevar lisja i podaroci

Средено. Додадени се задачите од сите досега одржани натпревари, вклучувајќи ги и задачите од МОИ 2011.
http://www.cs.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=70&Itemid=29&lang=mk
Не.
nikola3103 wrote:Како да побарам и кај да се обратам?

Побарано е веќе - со отварањето на темава.
Директно: Да, како освојувач на сребрен медал на минатата МОИ имаш право на учество на МОИ 2011. Инаку имаше друг линк "Дополнително поканети учесници на МОИ", каде требаше да бидат наведени сите кои обезбедиле учество на МОИ според правилото што го цитираше, но и јас сега неможам да го најдам (ќе пробам да се информирам каде настанала грешката).

Инаку да - правила си се правила. Не би ги напишале, доколку не планираме да ги почитуваме. Значи, стои правилото - "На МОИ покрај оние кои се квалификувале преку добар резултат на претходните натпревари, право на учество имаат и сите оние кои официјално ја претставувале Македонија на Балканска или Светска Олимпијада по информатика, како и сите натпреварувачи кои освоиле златен или сребрен медал на минатата МОИ."
Знаеме за овој проблем. Ќе се обидеме, во консултација со СММ, да изнајдеме решение со кое сите поканети би имале можност за учество и на ММО и на МОИ.
bedzo wrote:А кога ке излезат задачите во тренинг делот?

Средено. Задачите се додадени во тренинг делот.
DruiDAlek wrote:Дали мора да се присуства лично на доделувањето? Т.е. дали може некој друг да земе, што и да треба да земе, место мене?

Препорачливо е ти да дојдеш. Ако ептен не си во можност - ќе земе некој друг или ќе ти дадеме што треба во некоја друга прилика.

leetz wrote:Како оди рангирање на државен натпревар кој ке земе пофалници,награди и учества на олимпијада кога ке се знае тоа?

Пишува во агендата - има ставка "Објавување резултати, доделување награди, дипломи, пофалби и признанија"...

tStojkovski wrote:Кога ќе се знае кој оди на олимпијада а кој не?

За неколку дена.
 
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team