[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: MOI
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Author Message
ZIM Natprevari wrote:Регионалниот натпревар по информатика за учесниците од почетничка група ќе се одржи на 06.05.2011 (петок). За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот – значи вкупно 3,5 часа. Натпреварот ќе се одвива електронски - преку овој веб-сајт. Можете да поставувате прашање за време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40). Повеќе информации можете да најдете на веб-сајтот на ЗИМ - директен линк тука.
ZIM Natprevari wrote:Регионалниот натпревар по информатика за учесниците од почетничка група ќе се одржи на 06.05.2011 (петок). За сите учесници натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот – значи вкупно 3,5 часа. Натпреварот ќе се одвива електронски - преку овој веб-сајт. Можете да поставувате прашање за време на првите 100 минути од натпреварот (до 11:40). Повеќе информации можете да најдете на веб-сајтот на ЗИМ - директен линк тука.
Во една друга тема на форумов (линк - http://mendo.mk/jforum/posts/list/138.page) ветив дека ќе напишам еден краток документ со информации за работите на кои треба да се внимава за време на еден натпревар (на кои работи највеќе се греши).

Па, еве бета верзија на документот -> greski.pdf.

Бидејќи не можев да најдам, на веб-сајтовите слични на нашиот, некој документ од ваков тип - очекувам мислења и сугестии за подобрување на документот (особено од поискусните натпреварувачи).

Морам да кажам дека е малку тешко да се набројат сите можни грешки кои можат да се направат за време на еден натпревар, но јас сепак сметам дека овој документ содржи информации кои можат да им помогнат на доста натпреварувачи (наведени се грешки кои ги имам забележано на прикачените кодови на овој и на други форуми, а набројав и неколку грешки кои јас лично ги имам направено за време на натпревар - како почетник , а се надевам дека никој друг нема да ги повтори)
Пратено на VasilK, tStojkovski, lunatic3331 и Vikjan94.
Оставам на вас да им ги пратите задачите на останатите заинтересирани.
1) Да, регионалниот натпревар ќе се одвива електронски.
2) Да, според правилата, доколку си учествувал на барем еден електронски натпревар имаш право на учество на регионалниот натпревар.
VasilK wrote:А може барем линкови или имиња од задачите од вториот изборен натпревар? Јас до 3:40 бев во школо па не стигнав да дојдам

Официјално, не. Објаснив зошто тука.
Неофицијално, провери си го сандачето за приватни пораки
nikola3103 wrote:Нешо резултати од вториот изборен? Кој иде на светска кој на бакланска? поени , рангиране конечно ке има?


Мени -> Натпревари -> Квалификации за меѓународни натпревари
bedzo wrote:Благодарам.. Има уште некој такви работи кој треба да ги знаеме за натпреварот?

Неможе да ми текне нешто друго - во моментов. Обично, поврзано со податочните типови, тоа се најчестите грешки:
    1. мислењето дека integer може да претстави било кој цел број. ПОГРЕШНО!
    2. мислењето дека float може да претстави било кој реален број. ПОГРЕШНО!

Значи, треба да го знаете опсегот на (позначајните) податочни типови, како и фактот што податочните типови кои се користат за чување на реални броеви имаат одредена прецизност (ти дадов линк со информации погоре).

Што се однесува до претстојниот регионален натпревар за почетничка група, еве јас ви ветувам дека викендов ќе најдам време и ќе напишам еден краток документ со информации за работите на кои треба да внимавате (на кои работи највеќе се греши). Подетално ќе ги образложам информациите кои ги наведов погоре, и ќе додадам неколку нови делови (заборавање да се иницијализираат променливите, граници на низа, итн...).

Ќе додадам и неколку мои размислувања (од мое искуство), како:
    1. да не се користи integer (секогаш longint) - за оние кои програмираат во Паскал
    2. да не се користи float (секогаш double), итн..
Ја проверив твојата програма кај мене и решението што го добивам не е точно (може да не си ја забележил грешката, или пак имаш понов компјутер од мојот, па double кај тебе има поголема прецизност - на пример, на компјутер со 64-битен микропроцесор некои податочни типови се чуваат со повеќе бајти).

Во секој случај - не можеш на овој начин да споредуваш реални броеви (провери на форумов, има повеќе слични теми - еве една -> http://mendo.mk/jforum/posts/list/76.page). Можно е да има имиња со иста вредност, а сепак споредбата f(m[j]) < f(m[i]) да врати true - поради ограничената прецизност на double.

Опција 1:


Опција 2:
mrmachovskimartin wrote:

Мислам дека не е во ред вака да го промениш текстот на пораката - особено не откога некој ти одговорил на истата.
mariomako wrote:Како и да е не е фер! Бидејќи сте требале да ставите барем еден ваков тест пример па да размислиме каде ни е грешката! Но сепак тоа е Македонија, земја во која не се знае кој пие а кој плаќа, кога прв пат дојдов на сајтов мислев дека сте барем вие „Сериозни“ но се повеќе сваќам дека не е така.


Поздрав и имајте пријатен ден

Уште на првиот натпревар оваа година (тест електронскиот натпревар - кој не носеше поени), дадовме задача со која, меѓу другото, сакавме да ве "научиме" дека податочниот тип integer нема доволно голем опсег за да претстави одредени цели броеви. Цитирам, од текстот на задачата "Желка":
"Внимание: Користете податочен тип кој има доволно голем опсег за да ги претстави влезните податоци (како longint во Паскал и int во C/C++)."

Сега, повторно даваме ваква задача, во натпревар кој не влијае многу на рангирањето на натпреварувачите (види правила - електронските натпревари носат, сите заедно, вкупно 30% од поените - додека регионалниот натпревар носи 70%). Дополнително, има многу задачи во делот за тренинг, кои не можат да се решат со integer - мора да се користи longint.
mariomako wrote:Користам Dev-Pascal кој користи Freepascal 1.9 compiler
А што сакате да кажете со тоа "приговори", истиот код се тестира или ?

Поздрав

Ако користиш Dev-Pascal, оди во
      Menu -> Options -> Compiler Options -> Pascal Compiler
и исклучи (одштиклирај) ги следниве опции:
      1. Try to be Delphi compatible
      2. Try to be TP/BP 7 compatible

Потоа, компајлирај ја програмата (Execute -> Compile) и изврши ја локално на примерот "2 700" - ќе видиш дека ќе добиеш излез "-25924".

mrmachovskimartin wrote:Како можи вака!? тестирам на локално и се ми е во ред со програмата, и плус кога го кладов кодот ми пишеше дека цел код ми е точен и на двете задачи, а сега на крајот ми вади дека имам неколку грешки во кодот!! Не е фер од ваша страна! :@

Прво, тоа што втората задача ти работела на тест-примерите од текстот на задачата (на кои се тестира решението од кога ќе го испратиш на системот) не значи дека ти е точна. Каков натпревар би било ова - доколку решенијата ги тестиравме само на тест примерите од текстот на задачата. Во правилата пишува дека "За дел од задачите ќе биде овозможен детален повратен одговор. За секоја задача со овозможен детален повратен одговор, секое прифатено испратено решение ќе биде тестирано на дел од официјалните тест случаи.". Значи, додека не заврши натпреварот - не можеш со сигурност да знаеш дали задачата ти е точна или не (без разлика дали за нејзе има овозможен детален повратен одговор или не).

Второ, и ти ја имаш направено истата грешка како Марио (види ја оваа тема - http://mendo.mk/jforum/posts/list/136.page). Дополнително - ја немаш иницијализирано променливата zbir (која ти го брои збирот на простите броеви).

Пак ќе повторам - по завршувањето на секој натпревар - има одреден период за поднесување на приговори (кој за овој натпревар трае до 30.04.2011), и тоа е правилното место за поставување на ова прашање. Доколку не си задоволен со одговорот што ќе ти го дадеме таму - тогаш слободно отвори тема на форумов - и ќе ги дискутираме проблемите и тука.
Integer e, по правило, 16-битен податочен тип (на било каков процесор - 32 или 64-битен), и може да чува вредности помеѓу -32768 и 32767 (види документација - http://www.freepascal.org/docs-html/ref/refsu5.html). Затоа, системот вели дека твојата програма не го дава точниот излез (на конкретниот пример - 39612 > 32767).

Ти веројатно, доколку навистина твојата програма дава точни резултати локално, користиш некој друг компајлер (различен од официјалниот, и морам да кажам - стандардниот за меѓународните натпревари по информатика - Free Pascal).

Во секој случај - по завршувањето на секој натпревар - има одреден период за поднесување на приговори (кој за овој натпревар трае до 30.04.2011), и тоа е правилното место за поставување на ова прашање.
Според резултатите од МОИ 2011 (освоени медали) и постигнатите резултати на првиот изборен натпревар, на вториот изборен натпревар (28.04.2011 16:00-19:00) се покануваат следниве натпреварувачи:

1. Христијан Богоевски
2. Предраг Груевски
3. Дејан Божиновски
4. Јован Крајевски
5. Кристијан Трајковски
6. Максим Трифуновски
7. Костадин Хаџибанов
8. Филип Станковски
 
Forum Index » Profile for MOI » Messages posted by MOI
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team