Факултетски лифтови
Во зградата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), која е стокатница, имало два лифта. Леонида се наоѓа на приземје (нулти спрат) и таа брза да стигне на предавање.
Во моментот кога таа доаѓа да притисне копче за да повика лифт, првиот лифт е на A-тиот спрат, додека вториот лифт од B-тиот спрат тргнува да се движи кон C-тиот спрат (B ≠ C). Вториот лифт сигурно не е на приземје.
Ако Леонида го повика првиот лифт, тој веднаш почнува да се движи кон приземје. Ако пак го повика вториот лифт, тој прво ќе се движи до С-тиот спрат, па ќе почне да се движи кон приземје. На лифтот му е потребно онолку временски единици за да стигне од спрат А до спрат В колку што е разликата во спратови од А до B.
Утврдете со кој лифт Леонида ќе стигне побрзо на предавањето. Ако тоа е првиот лифт, отпечатете „1”, ако тоа е вториот, отпечатете „2”, а ако е сеедно - отпечатете „0”.
Влез
Влезот се состои од три цели броеви: A, B и C (0 ≤ A, C ≤ 100, 1 ≤ B ≤ 100, C ≠ B), дадени во еден ред и разделени со по едно празно место.
Излез
Отпечатете 1 доколку Леонида побрзо ќе стигне на предавањето со првиот лифт, 2 доколку Леонида побрзо ќе стигне на предавањето со вториот лифт, односно 0 доколку е сеедно кој лифт ќе го повика Леонида.
Ограничувања
Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 1 2 | излез 1 |
влез 3 2 0 | излез 2 |
влез 5 3 4 | излез 0 |