Случајна низа, набрзина
Кога комисијата спрема тест примери за некои задачи, таа мора да направи големи низи со различни броеви во нив.
Еден релативно неуспешен метод да се направи тоа е следниот: На влез се внесува почетен троцифрен број и тој се зема како нулти број во низата. Секој следен број се добива од претходниот како збир од квадратите на неговите цифри.
Ваша задача е за зададен почетен троцифрен број В и дадено N (0 < N <= 1 000 000 000), да го отпечатите N-тиот по ред број од такадобиената низа.
Влез
Влезот се состои од два цели броја: B (100 ≤ B ≤ 999) и N (0 < N <= 1 000 000 000), дадени во еден ред и разделени со едно празно место.
За тест примери кои носат 70% од поените ќе важи: 0 < N <= 100.
Излез
Отпечатете го N-тиот по ред број од бараната низа.
Ограничувања
Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 999 7 | излез 20 |
влез 111 5 | излез 61 |
влез 932 4 | излез 10 |