Карта од купче

Софија има едно купче од N карти, а на секоја карта има запишано број Аi. Притоа, се договараме дека најгорната карта има индекс 1, а последната (најдолната) карта има индекс N.

Софија треба да изврши Q задачки. За секоја задачка, таа добива број Bq, и Софија треба да го направи следното:
1) Најди ја највисоката карта во купчето со запишан број Bq (картата со најмал индекс).
2) Отпечати ја позицијата на картата (нејзиниот индекс).
3) Извлечи ја таа карта и стави ја најгоре во купчето, без да ги разместуваш другите карти.

Помогнете и на Софија да направи програма која ќе го отпечати бараното.



Влез

Првиот ред се состои од два цели броја: N (1 ≤ N ≤ 100 000) - бројот на карти, и Q (1 ≤ Q ≤ 100 000) - бројот на задачки што треба да ги заврши Софија.
Вториот ред се состои од N цели броеви Ai (1 ≤ Ai ≤ 50), елементите на низата А.
Третиот ред се состои од Q цели броеви, бараните броеви Bq (1 ≤ Bq ≤ 50).

Броевите Bq ќе бидат секогаш присутни во низата A.

За тест примери кои носат 70% од поените ќе важи: 1 ≤ N, Q ≤ 100



Излез

Отпечатете Q цели броеви - индексите на бараните броеви.



Ограничувања

Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
7 5
2 1 1 4 3 3 1
3 2 1 1 4
излез
5 2 3 1 5


 Submit your code