Бунар

Лопатарот Жучко треба да ископа бунар длабок барем X единици. Жучко поседува две лопати:
-Дрвена - Може да ископа 5 единици во еден чекор.
-Метална - Може да ископа 10 единици во еден чекор.

Пресметајте во колку најмалку чекори ќе го ископа Жучко бунарот доколку не смее да ја искористи металната лопата повеќе пати од дрвената.



Влез

Во првиот и единствен ред е даден целиот број X ( 1 ≤ X ≤ 1 000 000 ).



Излез

Во првиот и единствен ред отпечатете го минималниот број на чекори за да се ископа бунарот.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
10
излез
2


влез
5


излез
1


влез
100


излез
14


 Submit your code