Преместување

Иван има 3 кофички во кои на почеток има по A, B и C џамлии, соодветно. Тој исто така има една помошна кофичка која е празна на почеток. Иван може на почеток да премести по најмногу 5 џамлии од секоја од трите кофички во помошната. На крај Иван сите џамлии од помошната кофа ќе ги распредели во трите кофички по негов избор.

Иван сака да знае дали постои начин преку дадените правила на крај барем во две кофички да има по ист број џамлии, така што помошната кофичка да е празна.



Влез

Во првиот и единствен ред се дадени три цели броеви A, B и C (1 ≤ A, B, C ≤ 1 000).



Излез

Во првиот и единствен ред отпечати "DA" доколку е можно Иван да ја постигне целта, и "NE" во спротивно.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6 6 6
излез
DA


влез
3 20 27


излез
DA


влез
6 18 66


излез
DA


влез
6 22 66


излез
NE


 Submit your code