Внесување S-овци

Миле направил програма која на влез чита два различни цели броja А и B и врз нив извршува сложена операција при секое внесување на знакот Ѕ.
Сложената операција се состои од 3 чекори:
1. Нека X е помалиот од двата броеви. Најди го Х.
2. Нека D е најголемиот делител на Х кој што е помал од Х. Најди го D. Ако Х=1 тогаш и D=1.
3. Нека Y е поголемиот од двата броеви. Намали го Y за D.

Андреј ја стартувал програмата на Миле и внел вредности за двата броја А и B. Потоа почнал да внесува Ѕ, Ѕ, Ѕ,… со намера да дојде до момент кога тие два броја ќе се изедначат меѓу себе.

Пример. Доколку Андреј започне со броевите (12, 32), тој после првиот внес на Ѕ ќе ги добие броевите (12, 26), после вториот ќе ги добие (12, 20), па потоа (12, 14), па (12, 8), па за на крај да ги добие (8, 8). Значи, тој требало 5 пати да внесе Ѕ за да стигне до моментот на изедначување на броевите.

Вие треба да направите програма која за дадени почетни броеви А и B ќе пресмета колку пати Андреј ќе треба да внесе Ѕ пред тие два броja да се изедначат.



Влез

Во првиот и единствен ред се дадени два цели броja A и B (1 ≤ A, B ≤ 2 000 000 000; A != B).



Излез

Во првиот и единствен ред да се отпечати бројот на извршени команди.



Ограничувања

Временско ограничување: 300 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
12 32
излез
5


 Submit your code