Загадување

Во низата А ни се дадени N податоци прибрани од истражување, кои треба да се обработат на следниот начин:
1. Се внесуваат две вредности, K и S.
2. Се разгледуваат сите „пакети“ од K редоследни броеви од низата.
3. Од секој пакет се елиминира секој S-ти број.
4. За секој пакет, се наоѓа збирот на броевите кои преостанале во него и се запишува како елемент во нова низа В.

Ваша задача е да ја најдете најголемата вредност во низата B.



Влез

Во првата линија се дадени три цели броеви: N, K и S (2 ≤ S ≤ K ≤ N ≤ 100000).
Втората линија се состои од N цели броеви Ai (0 ≤ Ai ≤ 1 000 000 000).

Забелешка: За 40% од поените ќе важи: N ≤ 1000.
За дополнителни 30% од поените ќе важи: N ≤ 100 000 и S = 3.



Излез

Испечатете ја најголемата вредност која ќе се наоѓа во низата B.



Ограничувања

Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
10 7 3
7 1 5 2 2 15 3 8 9 0
излез
34


влез
7 5 4
6 4 4 6 9 7 1


излез
23


Објаснување на пример 2: Има 3 пакети на последователни 5 елементи во А. Од сите отстрануваме по еден елемент (четвртиот). Го наоѓаме збирот на секој пакет.
[6, 4, 4, 6, 9] → [6, 4, 4, 9] → 23
[4, 4, 6, 9, 7] → [4, 4, 6, 7] → 21
[4, 6, 9, 7, 1] → [4, 6, 9, 1] → 20

Низата В е: 23, 21, 20. Најголемиот број во низата B е 23.



 Submit your code