Весник
Дневните печатени весници пред дигитизацијата беа многу популарни. Весникот се прави на тој начин што се печатат големи табаци кои се ставаат еден врз друг и се превиткуваат на пола.
![]() |
На сликата е весник составен од 8 табаци, што значи дека се состои од 32 страници. Очигледно, на првиот (најгорниот) табак се страниците со броеви 1, 2, 31 и 32.
Ако ви е даден бројот на табаци Т од кои се состои весникот, и бројот на една од страниците Ѕ, отпечатете ги останатите 3 страници кои се наоѓаат на табакот, во растечки редослед.
Влез
Во првиот ред се запишани два позитивни цели броеви T (T ≤ 15) и S (S ≤ 4*T), одделени со едно празно место.
Излез
Во првиот ред запишете 3 броја одделени со по едно празно место, според барањето на задачата.
Ограничувања
Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 8 25 | излез 7 8 26 |
влез 8 7 | излез 8 25 26 |