Мендо и мистериозните карти
Додека шетал низ шумата, Мендо налетал на старо, дрвено буре затрупано под суви лисја. Љубопитноста го натерала да го отвори, а внатре пронашол еден куп прашливи карти со различни броеви. Покрај нив стоела стара, избледена белешка со чудни правила:
„Собери што е можно повеќе карти, но биди внимателен! Ако имаш две или повеќе последователни карти, само најмалата карта од нив ќе се смета во твојот резултат. Сите други карти ќе бидат игнорирани!“
Мендо веднаш сфатил дека ова не е обична игра, туку загатка што мора да ја реши! Тој веќе избрал неколку карти, но пред да продолжи, сака да пресмета колку ќе биде неговиот конечен резултат според мистериозните правила на картите.
Влез
Првата линија содржи еден цел број N (1 ≤ N ≤ 200 000) - бројот на карти кои моментално Мечето Мендо ги има во својата рака.
Втората линија содржи N меѓусебно различни броеви a1, a2, …, aN (1 ≤ ai ≤ 106, ai < a(i+1)) - картите кои Мечето Мендо моментално ги има.
Забелешка. За 70% од поените важи: N ≤ 100.
Излез
Отпечатете еден цел број - резултатот на мечето Мендо според мистериозните правила.
Ограничувања
Временско ограничување: 800 milliseconds
Мемориско ограничување: 1 megabyte
Примери
влез 5 2 4 5 6 10 | излез 16 |
влез 4 1 2 3 4 | излез 1 |