Црвен тепих
Доаѓа претседателот. На патеката на влезот од позиција 0 до позиција 5000 (cm) треба да се постави црвен тепих. Но, во општината има одвај две парчиња црвен тепих, и двете пократки од 1000 (cm). Уште полошо, некадарникот кој е вработен да го постила тепихот при постилањето може дури и да преклопи делови од едниот и другиот тепих.
Градоначалникот има време да го помести едното парче тепих во лево или десно за K (0 < K < 1000) позиции пред да дојде претседателот. Целта е да се покрие што поголем дел од патеката со црвен тепих.
Ако знаете од која позиција P1 (1000 ≤ P1 ≤ 4000) некадарникот го поставил првoто парче тепих, и ја знаете неговата должина D1 (0 < D1 < 1000), и истото го знаете и за второто парче тепих: P2 (1000 ≤ P2 ≤ 4000) и D2 (0 < D2 < 1000), а го знаете и K, ваша задача е да утврдите колкав дел (колку сантиметри од патеката) ќе бидат покриени пред да дојде претседателот.
Влез
Во првиот ред се дадени 2 цели броја: P1 и D1, разделени со едно празно место.
Во вториот ред се дадени 2 цели броја: P2 и D2, разделени со едно празно место.
Во третиот ред е даден еден цел број K.
Излез
Во еден ред отпечатете го бараниот одговор.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1000 2 1000 6 2 | излез 8 |
влез 1202 3 1210 13 1 | излез 16 |
Објаснување за првиот пример:
Може да го поместиме надесно второто парче тепих, да почнува од позиција 1002 наместо од позиција 1000. Со ова го покриваме целиот интервал [1000, 1008] ([1000, 1002] од првото парче и [1002, 1008] од второто парче), па затоа одговорот е 8.
Објаснување за вториот пример:
Без разлика како ќе ја извршиме единствената дозволена операција, покриеноста на патеката ќе биде 16 (cm).