Светот на Чудата
Крис живее во светот на чудата, кој може да биде претставен како координатен систем. Неговата куќа се наоѓа на позиција (0, 0), а куќата на неговата девојка е на позиција (W, H). На пример, на сликата, куќата на девојката е на позиција (2, 4).
![]() |
Крис може да се движи на два начина:
1) Со помош на неговата супермоќ - во еден чекор се поместува за C единици надесно и R единици нагоре. Со други зборови, доколку се наоѓа на позиција (X, Y), со користење на неговата супермоќ тој ќе се придвижи до позиција (X + C, Y + R).
2) Со пешачење - во еден чекор може да се придвижи за 1 единица во која било насока (десно, лево, горе, долу), т.е. од (X, Y) до (X+1, Y) или (X-1, Y) или (X, Y+1) или (X, Y-1).
Крис мора да стигне до куќата на неговата девојка, но бидејќи е многу мрзелив, тој сака да направи што е можно помалку чекори со пешачење (да го минимизира движењето пеш).
За дадена локација (W, H) на куќата на девојката на Крис и параметрите C и R на неговата супермоќ, одредете го минималниот број на чекори со пешачење.
Влез
Во првиот и единствен ред се дадени 4 броеви, разделени со по едно празно место: W, H, C, R (1 ≤ W, H, C, R ≤ 1015) - каде што (W, H) е локацијата на девојката на Крис, додека C и R се параметрите на супермоќта на Крис.
Забелешка.
За 30% од поените важи: W = H и C = R, и 1 ≤ W, H ≤ 1 000 000
За други 30% од поените важи: 1 ≤ W, H ≤ 1 000 000
Излез
Во првиот и единствен ред отпечатете еден број - минималниот број на чекори пеш што треба да ги направи Крис.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 10 10 3 3 | излез 2 |
влез 11 11 3 3 | излез 2 |
Објаснување за вториот пример:
Kрис може прво да ја искористи четири пати својата супермоќ едно по друго што ќе го доведе до позиција (12, 12): (0, 0) -> (3, 3) -> (6, 6) -> (9, 9) -> (12, 12). Од позиција (12, 12), Крис ќе направи 2 чекори пеш - еден налево и еден надолу: (12, 12) -> (11, 12) -> (11, 11), со што ќе стигне до куќата на неговата девојка.