Љубовни проблеми

Општо познат факт е дека Ана и Биле не сакаат броеви деливи со 3. Васко купил две пакетчиња со бонбони, од кои едното содржи A, а другото B бонбони.

Тој ќе им даде по едно пакетче на Ана и на Биле, ама сака разликата во бројот на бонбони меѓу пакетчињата да е што е можно помала. За таа цел тој ќе префрли некои од бонбоните од едното во другото пакетче, но притоа ќе внимава во ниту една кутија да нема број на бонбони делив со 3.

Ваша задача е да ја пресметате и отпечатите најмалата можна разлика помеѓу бројот на бонбони во двете пакетчиња откако Васко ќе го направи опишаното префрлање на бонбоните.



Влез

Во првиот и единствен ред дадени се два цели броја A и B (3 ≤ A, B ≤ 1 000 000), бројот на бонбони во пакетчињата кои ги купил Васко.



Излез

Во првиот ред отпечатете еден цел број R - бараната разлика.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 9
излез
3


влез
9 5


излез
0


влез
6 6


излез
2


Во првиот пример, со префрлање може да стигнеме до ситуација 5 и 8. Ситуацијата 6 и 7 не одговара затоа што 6 е број делив со 3. Затоа, одговорот е 3 (= 8-5). Во вториот пример, може да се стигне до 7 и 7, и затоа одговорот е 0 (= 7-7).



 Submit your code