Фибоначиеви бројки
Фибоначиевата низа изгледа вака:
1 1 2 3 5 8 13 21 34 55….
Ако ви се дадени два соседни броја од оваа низа (по редослед), определете кој број доаѓа два броја после нив.
На пример, ако се дадени 3 и 5, два броја после нив е 21.
Влез
Во првиот ред се запишани два соседни броја од Фибоначиевата низа (прво помалиот, па поголемиот). Броевите се помали од 100 000.
Излез
Отпечатете го бројот кој доаѓа во низата после два броја од дадените броеви.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 8 13 | излез 55 |




