Јаготка во кутија

Пред вас се три кутии, означени со А, B и C. Покрај секоја кутија стои по еден ученик. Двајца од учениците се чесни и искрени, а третиот е недоверлив.

Вие знаете дека во кутиите покрај кои стојат искрените ученици има по една јаготка, додека кутијата покрај која е недоверливиот ученик е празна, но не знаете која е која, т.е. не знаете кој ученик е недоверлив.

Ако на искрените ученици им поставите прашање, тие сигурно точно ќе ви одговорат, а ако поставите прашање на недоверливиот ученик - тој може да ви одговори точно, но може и да ве излаже.

Вие одлучувате на ученикот покрај кутијата X да му го поставите следното прашање: Дали во кутијата Y има јаготка?

Откако ќе го чуете одговорот, треба да одберете една од трите кутии во која сигурно има јаготка.



Влез

Во првиот ред од влезот се дадени две различни букви X и Y (некои од буквите А, B и C).
Во вториот ред е даден одговорот: D (ако е одговорено со Да) или N (ако е одговорено со Не).



Излез

Запишете една од буквите А, В или С - ознаката на онаа кутија во која сте сигурни дека има јаготка.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
A B
D
излез
B


 Submit your code