Лудо штедење

Сте решиле да штедите па вложувате на сметка во банка x денари, што значи дека состојбата ви е х денари. Ама банката која сте ја избрале е многу чудна, па така, состојбата на вашата сметка се менува секојдневно.

За секој ден i (1 ≤ i ≤ N) после вложувањето:
- ако i е непарен состојбата се зголемува за 2 (x = x + 2)
- ако i е парен состојбата опаѓа за 1 (x = x - 1)

Уште повеќе, ако се случи состојбата да стане сума делива со 4, тогаш во истиот момент таа се помнoжува со -1, т.е. x = -x.

Прашањето е дали после N денови ќе имате заработено пари или ќе должите пари на банката. Едноставно, отпечатете ја состојбата х после N денови.



Влез

Во првиот ред се дадени два цели броја: N (1 ≤ N ≤ 1015) и x (x ≤ 105).

Забелешка. За 50% од поените ќе важи: N < 10 000.



Излез

Испечатете ја конечната состојба после N денови (вредноста на x).



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6 3
излез
-2


влез
15 5


излез
14


Објаснување на првиот пример:
i = 1 (непарен), 3 + 2 = 5, 5 % 4 ≠ 0 т.е. x не е делив со 4
i = 2 (парен), 5 − 1 = 4, x е делив со 4 → x = −4
i = 3, −4 + 2 = −2, x не е делив со 4
i = 4, −2 − 1 = −3, x не е делив со 4
i = 5, −3 + 2 = −1, x не е делив со 4
i = 6, −1 − 1 = −2, x не е делив со 4



 Submit your code