Пак изборна кампања

Ќе има избори. Во следните N денови, колку што трае кампањата, владеачката партија ќе организира по еден митинг. Бидејќи се добро организирани, тие знаат по колку луѓе ќе има на секој митинг.

Нивен гостин, странец, ќе ја посети Македонија во траење од K денови, во рамките на кампањата. Тие сакаат да утврдат, за кои било K последователни денови, колку максимално луѓе ќе види гостинот, ако е тука баш во тие K денови (во тој период).



Влез

Во првиот ред е даден еден цел број N (денови на кампањата) (1 ≤ K ≤ N ≤ 1 000 000 (106)).
Во вториот ред е даден еден цел број K (должина на посетата) (1 ≤ K ≤ N).
Во третиот ред е дадена низа A од N ненегативни цели броеви Ai (број на луѓе на соодветниот митинг) (0 ≤ Ai ≤ 109).

Забелешка. За 40 поени ќе важи: N < 1 500.



Излез

Во првиот ред отпечатете низа B од N - K + 1 цели броеви, каде што секој елемент Bi е максималната вредност во соодветниот период со големина K.



Ограничувања

Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
9
3
8 1 4 3 2 7 6 9 5
излез
8 4 4 7 7 9 9


Објаснување на примерот (период по период):
Периодот се движи од лево кон десно, земајќи по 3 последователни броја и наоѓајќи го најголемиот меѓу нив:
Период 1: [8, 1, 4] Максимум: 8
Период 2: [1, 4, 3] Максимум: 4
Период 3: [4, 3, 2] Максимум: 4
Период 4: [3, 2, 7] Максимум: 7
Период 5: [2, 7, 6] Максимум: 7
Период 6: [7, 6, 9] Максимум: 9
Период 7: [6, 9, 5] Максимум: 9



 Submit your code