Е-пораки

На натпреварите по информатика во Македонија учествуваат многу натпреварувачи кои другаруваат меѓу себе. Понекогаш, се случува да се објави некое значајно соопштение на системот за натпревари МЕНДО (на пример – резултати за даден натпревар или соопштение за одложување на некој натпревар).

Кога ќе се случи тоа, оние кои први ќе го видат соопштението веднаш почнуваат да пишуваат е-пораки до своите пријатели за да и нив ги известат за новоста. Но, не секогаш ваквата е-порака има значење за некого, затоа што тој можеби веќе видел, па дури истовремено и пратил известување до други (можеби и до другарот кој со порака го известил него).

Нека имаме информации за сите е-пораки со известувања кои се испратени помеѓу натпреварувачите. Доколку некој натпреварувач A добил известување за дадена вест од натпреварувач B, а истовремено А не го известил B за истото, се смета дека е културно A да му испрати порака "Благодарам" на B - без разлика дали веќе ја добил веста и од друг натпреварувач.

Направете програма која ќе пресмета колку пораки со „Благодарам“ треба да бидат пратени.



Влез

Во првата линија се дадени два цели броја N (2 <= N <= 100) - бројот на учесници на натпреварот, и K – бројот на испратени пораки (од еден натпреварувач до друг).

Во наредните K редови ќе бидат дадени по два броја (помеѓу 1 и N). Првиот ќе означува кој ја праќа пораката, а вториот кој ја прима пораката (броевите се различни – не може некој сам на себеси да си испрати порака). Сите парови на испраќач и примач се различни.



Излез

Излезот се состои од еден цел број - бројот на пораки кои треба да се испратат.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 3
1 2
1 3
2 3
излез
3


Објаснување: 2 и 3 треба да му се заблагодарат на 1. Дополнително, 3 треба да му се заблагодари на 2.



 Submit your code