Поплава

Во Водовод и Канализација работат мнооогу луѓе. Директорот е свесен за продуктивноста на секој од нив и тој си води евиденција за тоа (си ги групира вработените во класи со иста продуктивност). Се случува поплава во една академска институција и мора ургентно да се делува.

Директорот, од сите луѓе кои му се на располагање треба да состави екипа која најбрзо ќе ја заврши работата. Нормално е да се очекува дека колку повеќе луѓе толку побрзо ќе се заврши работата, арно ама, кај нас сите гледаат да работат колку што работи најмалку продуктивниот член на групата. Затоа продуктивноста на една група е K*X, каде K е број на луѓе во групата, а X продуктивноста на најмалку продуктивниот член во групата.

Очигледно директорот не успева да состави најпродуктивна група - инаку немаше да има проблеми со Регионалниот натпревар. За да се заврши работата побрзо (па барем да нема одложување на Државниот натпревар), ве молиме да му помогнете на директорот и да ја составите групата со најголема можна продуктивност.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (1 <= N <= 50), кој го означува бројот на класи со различна продуктивност. Во наредните N редови се наоѓаат по два цели броја Pi (1 <= Pi <= 10000) и Xi (1 <= Xi <= 1000), каде Pi го претставува бројот на вработени од таа класа, додека Xi (1 <= Xi <= 1000) ја претставува продуктивноста на секој вработен од таа класа.



Излез

На стандарден излез отпечатете ја максималната можна продуктивност. Можно е да се одберат колку било луѓе од колку било класи на вработени при составување на групата со најголема можна продуктивност.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
1 3
2 5
1 9
излез
15


Објаснување: Можеме да одбереме двајца од класата со продуктивност 5 и еден од класата со продуктивност 9. Бидејќи сите работат колку најмалку продуктивниот член од групата (5), резултатот е 3*5 = 15.



 Submit your code