Анкета

Мендо очекува, во многу блиска иднина, да добие уште еден син. Како и сите семејства на мечки кои очекуваат дете, и семејството на Мендо е преокупирано со тоа како да се именува синчето. Поради тоа, Мендо направил анкета во соседството и ги собрал (во листа) имињата на сите соседи.

Мендо сака синот да има што попопуларно име. Помогнете му така што ќе напишете програма со која ќе го откриете името кое што се појавува најмногу пати во листата.



Влез

Во првата линија е запишан еден цел број N (1 ≤ N ≤ 100), кој го означува бројот на имиња. Во секоја од следните N линии е запишано по едно име (низа [стринг] од латинични букви 'A'-'Z' не подолга од 20 знаци, каде првата буква е голема, а сите останати се мали).



Излез

На стандарден излез отпечатете го името кое се појавува најмногу пати. Влезните податоци ќе бидат направени така што секогаш ќе има точно едно решение (едно име кое се појавува најмногу пати).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4
Darko
Vlado
Emil
Vlado
излез
Vlado


 Submit your code