Прегледување

ЗИМ ги организира натпреварите по информатика веќе 22 години. На почетокот, прегледувањето на решенијата не беше така едноставно како денес. Немаше програма за прегледување на решенијата, па тие мораа да бидат проверувани од членови на комисијата. Ако еден човек ги прегледуваше сите предадени решенија на задачите, за резултатите ќе требаше да се чека со денови. Затоа мораше да се утврди стратегија за што побрзо прегледување.

Така, се формираше поголема комисија и решенијата се делеа рамномерно (колку што може) помеѓу нив. Грубо земено, за прегледување на едно решение на задача беше потребна 1 минута. Доколку имаше N предадени решенија, ако се поделеа на неколку луѓе процесот на прегледување завршуваше побрзо.

За жал, кога прегледуваат повеќе луѓе, пред да започне прегледувањето сите тие мора да се договорат меѓусебно за критериумите за оценување. Тоа се прави по парови од двајца, и додека тие двајца разговараат не може да зборува никој друг. Должината на разговорот зависи од тежината на задачите (за тој натпревар), но меѓу кои било двајца трае исто.

На пример, ако разговорот трае 2 минути, а прегледуваат 3 членови на комисијата, пред да се започне со прегледување ќе поминат 6 минути: 2 минути за да се договорат членот 1 и членот 2, 2 за 1 и 3, како и 2 минути за 2 и 3. Подоцна, откако ќе започне прегледувањето, нема повеќе комуникација.

Вашата задача е, за дадена должина на разговорите, да го одредите бројот на членови на комисија кои ќе прегледаат N предадени решенија за минимално време.



Влез

Во првата и единствена линија се запишани два цели броеви: N (1 <= N <= 30000) – кој го означува бројот на предадени решенија, и K (1 <= K <= 10) – кој ја означува должината на разговорите (во минути). Секое решение на задача се прегледува за 1 минута.



Излез

Излезот се состои од бараниот број на членови на комисијата – кои ќе прегледаат N предадени решенија за минимално време. Ако постојат повеќе можности (со различен број на луѓе) за да се постигне минимално време, се претпочита (и треба да се отпечати) можноста со помал број на членови.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
49 3
излез
3


влез
7 8


излез
1


Објаснување за првиот пример: Доколку комисијата е составена од 3 членови, најпрвин треба да разговараат 1 и 2 за време K=3, па 1 и 3 за време K=3, па 2 и 3 за време K=3, па дури тогаш да ги прегледаат 49-те задачи. Првиот член ќе прегледа 17 задачи, а другите двајца по 16 (бидејќи поделбата е рамномерна – според текстот на задачата). Вкупното време е (3+3+3) + 17 = 26.

Објаснување за вториот пример: Комисијата е составена од само еден член, кој ќе ги прегледа задачите за време од 7 минути.



 Submit your code