Анаграм

За два цели броја (со ист број на цифри) велиме дека се анаграми доколку постои начин цифрите на едниот број да се прераспоредат така што ќе се добие другиот број. На пример 321 е анаграм на 123, но 3321 не е анаграм на 2231. Доколку два цели броја се анаграми, тие образуваат анаграмски пар.

Напишете програма која за прочитани N парови од цели броеви ќе отпечати колку од нив се анаграмски парови.



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на парови N (1 <= N <= 100). Во секој од следните N редови се запишани по два цели броја Xi и Yi (1 <= Xi, Yi <= 2 000 000 000), составени од ист број на цифри.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите бројот на анаграмски парови.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
123 231
4567 4556
123123 321123
излез
2


 Submit your code