Репортер

На овогодинешната Евровизија еден репортер има амбиција да направи што е можно повеќе интервјуа со изведувачите (кои доаѓаат од различни земји). За таа цел тој треба да стапи во контакт со што е можно повеќе изведувачи.

Некои од изведувачите меѓу себе се познаваат од претходните гостувања во различни телевизиски емисии и настани кои се случуваат пред Евровизија. Всушност, оваа година со сигурност може да кажеме дека секој изведувач има контакт од точно еден друг изведувач (оној кој најмногу го познава), и тој контакт може да го сподели со репортерот.

Така, планот на репортерот е некако да дојде во контакт со еден од изведувачите (на пример Македонија) и потоа додека го прави интервјуто со него (неа, нив), да го праша за контакт со друг изведувач (на пример, Македонецот знае контакт за Шведска). Потоа, го интервјуира добиениот контакт (според примерот, Швеѓанецот) и него го прашува за контакт, и тоа продолжува се додека не добие контакт од некој кој веќе го интервјуирал.

Очигледно, колку интервјуа ќе направи репортерот зависи од тоа кој ќе биде иницијалниот контакт.

Да претпоставиме дека вие однапред знаете за секој изведувач до кој изведувач тој дава контакт. Напишете програма која ќе отпечати колку најмногу интервјуа може да направи репортерот на овој начин – одбирајќи иницијално, еден изведувач X и следејќи ги потоа сите добиени контакти – имајќи предвид дека секој изведувач ќе му даде контакт до точно еден друг изведувач со кој репортерот може да направи интервју.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (2 <= N <= 50000), кој го означува бројот на изведувачи - земји (изведувачите се означени со броевите од 1 до N).

Во секој од следните N редови е запишан по еден цел број Xi (1 <= Xi <= N), кој го означува бројот на изведувачот Xi кој е даден како контакт од i-тиот изведувач.



Излез

На стандарден излез отпечатете колку најмногу интервјуа може да направи репортерот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
3
3
1
излез
3


Доколку Репортерот отиде кај изведувачот 1, 1 ќе му даде контакт до изведувачот 3 (изведувачот 2 би го предложил изведувачот 3, додека изведувачот 3 би го предложил изведувачот 1). Максималниот можен број на изведувачи кои репортерот може да ги интервјуира е 3 (2->3->1).



 Submit your code