Квадрат и куб

Малите Мендо мечиња вежбале математика за време на распустот. Нивната задача била да го пресметаат квадратот и кубот за одреден природен број N.

Бидејќи мечињата сакале да ги решат задачите побрзо за да имаат време да си играат надвор, тие побарале од вас да им помогнете со тоа што ќе напишете програма која ќе го пресметува квадратот и кубот на даден број N.



Влез

Во првиот ред се наоѓа природниот број N (1 <= N <= 25) за кој е потребно да го пресметате квадратот (N2) и кубот (N3).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите квадратот и кубот на дадениот број.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2
излез
4 8


влез
6


излез
36 216


Објаснување за првиот тест пример: 2*2=4, 2*2*2=8
Објаснување за вториот тест пример: 6*6=36, 6*6*6=216



 Submit your code