Оценување

Како дел од подготовките за овогодинешната Македонска Олимпијада по информатика, организаторите на натпреварот треба да направат план за тоа колку најмногу натпреварувачи можат да се поканат на МОИ, а притоа да не се надмине капацитетот на мобилниот систем за оценување на решенија кој ќе биде однесен во Радовиш.

Мендо, за оценување на решенијата, на располагање има N сервери. Секој од серверите има одредено време за кое ги оценува решенијата S1, S2, S3, ..., Sn - на серверот 1 му се потребни S1 секунди за да оцени едно (кое било) решение, на серверот 2 му се потребни S2 секунди, итн. Не е можно да се оценува едно решение на повеќе сервери (ниту паралелно, ниту со префрлување на делумно оценето решение).

За да одлучи колку натпреварувачи може да се поканат на МОИ, Мендо треба да знае за колку најмалку секунди може да се оценат K решенија. Помогнете му на Мендо така што ќе напишете програма која ќе го реши дадениот проблем.



Влез

Во првиот ред се запишани два цели броја: N (1 <= N <= 30) и K (1 <= K <= 200000000000), каде N го означува бројот на сервери, додека K го означува бројот на решенија кои треба да се оценат. Во вториот ред се запишани N цели броеви Si (1 <= Si <= 200), кои означуваат за колку секунди може да се оцени едно решение на секој од N-те сервери.

Забелешка: За некои од параметрите е потребно да користите тип на податок кој поддржува чување на 64-битни цели броеви, како int64 и qword во Pascal, или long long во C/C++.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да отпечатите за колку најмалку секунди може да се оценат сите K решенија.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 4
50 48 70
излез
96


Објаснување: На првиот сервер ќе оцениме едно решение (за време 50), на вториот сервер ќе оцениме две решенија (за време 48+48 = 96), додека на третиот сервер ќе оцениме едно решение (за време 70).



 Submit your code