Мој број

Стефан и Ана играат интересна игра. Играта се вика „Мој Број“ и се состои од три круга. Во секој круг, и Стефан и Ана кажуваат по еден број од 100 до 999. Доколку бројот на Стефан е делив со збирот на неговите цифри, тогаш тој добива 2 поени, а на Ана и се одзема еден поен.

Потоа, доколку бројот на Ана е делив со збирот на неговите цифри, тогаш таа добива 2 поена, а на Стефан му се одзема еден поен. Ако замислениот број не го задоволува условот тогаш натпреварувачот не добива поени за тој број.

На пример, ако замислениот број на Стефан е 110; 1+1+0=2; 2 е делител на 110 па Стефан ќе добие 2 поени, а на Ана ќе и се одземе еден поен. Ако замислениот број на Ана е 890; 8+9+0=17; 17 не е делител на 890 па Ана нема да добие поени, а на Стефан нема да му се одземат поени.

Така тие во секој круг избираат по еден број. На крајот, победник е оној кој собрал најмногу поени. Доколку имаат ист број на поени, победник е оној кој го кажал најголемиот број. Вашата програма во првиот ред треба да го запише соодветниот број на поени на двајцата, а во наредниот ред да го напише победникот.



Влез

Влезот се состои од три реда, во кои се запишани по два броја x, y (100 <= x, y <= 999). Бројот x e замислениот број на Стефан, а бројот y e замислениот број на Ана.



Излез

Излезот се состои од два реда. Во првиот ред се запишуваат поените на Стефан и на Ана, а во вториот ред се запишува името на победникот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
101 114
133 360
113 243
излез
-1 5
Ana


влез
966 832
121 134
162 915


излез
2 2
Stefan


 Submit your code