Спонзори

Секоја година, Здружението на информатичарите на Македонија се обидува да најде спонзори за покривање на трошоците за организација на натпреварите по информатика, патувањето на Македонската репрезентација на меѓународните натпревари по информатика, унапредување на информатичкото образование во Република Македонија, итн.

Оваа година, со цел прибирање на што повеќе средства, но и рамноправност на спонзорите, ЗИМ одлучи да им понуди на потенцијалните партнери избор од два типа на спонзорство: златен спонзор (партнери кои би донирале точно сума X) и сребрен спонзор (партнери кои би донирале точно сума Y, Y < X).

Здружението има точни информации за тоа колку пари е спремен да донира секој од потенцијалните партнери. Притоа, доколку еден партнер може да си дозволи избор помеѓу двата типа на спонзорство, тој секогаш ќе го одбере поскапиот тип (златен спонзор). Секој партнер кој што ќе стане златен спонзор ќе донира точно X, а секој што ќе стане сребрен спонзор ќе донира точно Y (дури и ако сумата за која бил спремен да донира е поголема од X, односно Y).

Напишете програма која ќе му помогне на ЗИМ да пресмета колку најмногу средства можат да се соберат при најдобар можен избор на вредности за X и Y. (X и Y може да се такви што дел од потенцијалните партнери не ќе може да станат и спонзори на ЗИМ.)



Влез

Во првата линија е запишан бројот на потенцијални партнери N (2 ≤ N ≤ 12000). Во втората линија се запишани N цели броеви Xi (1 ≤ Xi ≤ 100000), кои означуваат колку е спремен да донира секој од N-те потенцијални спонзори. Секогаш ќе постојат најмалку две различни вредности.



Излез

Да се отпечати бараната максимална вредност - при најдобар можен (т.е. оптимален) избор на сумата X за златно спонзорство и Y за сребрено спонзорство.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
1 5 9
излез
14


влез
4
1 4 3 2


излез
8


влез
8
1 1 10 12 11 19 20 13


излез
78


Објаснување за првиот пример: Најдобар можен избор за сумите е - сума X=9 (златен спонзор), и сума Y=5 (сребрен спонзор). Една компанија ќе стане златен спонзор и една компанија ќе стане сребрен спонзор.

Објаснување за третиот пример: Најдобар можен избор за сумите е - сума X=19 (златен спонзор), и сума Y=10 (сребрен спонзор). Две компании ќе станат златни спонзори и четири компании ќе станат сребрени спонзори (2*19 + 4*10 = 38 + 40 = 78).



 Submit your code