Порака

Здружението на Информатичари на Македонија сака да патентира нова техника на кодирање на пораки, која ги менува пораките преку внесување на случајни низи од знаци на определени места во пораката. Поради тековните судски спорови околу патентот, нема да го објаснуваме процесот на кодирање на пораките.

Сепак, за да се изврши проверка на новата техника, потребно е да се напише програма која ќе проверува дали почетната пораката е навистина кодирана во новодобиената низа од знаци. Доколку се дадени две низи од знаци S и T, проверете дали S е подниза од T, т.е. дали може да се добие низата S преку бришење на одредени знаци од низата Т.



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на тестови N (1 <= N <= 100). Во секој од следните N редови се запишани по две низи од знаци Si и Ti (не подолги од 250 знаци). Низите се состојат од големи и мали латинични букви, и се одделени со едно празно место.



Излез

Излезот се состои од N редови во кои треба да отпечатите "DA" доколку Si е подниза на Ti, или "NE" доколку Si не е подниза на Ti.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2
poraka phorXazkhYhWa
CaseSensitive casesensitive
излез
DA
NE


 Submit your code