Оро

Културно-уметничкото друштво "Разиграни програмери" организира приредба на која треба да се изведе кореографија на едно македонско оро. Кореографот заклучил дека за ова оро машките изведувачи треба да се наредат во линија на сцената (фатени на оро) и да прават само движења во лево и во десно.

Според тактот на музиката тој има утврдено последователни групи од по неколку чекори кои тие треба да ги направат. За секоја група од чекори тој треба да избере во која насока тие ќе бидат направени, со следните две цели:
   1. Програмерите да не паднат од сцената (да не отидат на позиција помала од 0, или поголема од широчината на сцената)
   2. Програмерите да завршат со орото најблиску до десната страна од сцената (крајот на сцената).

Секоја позиција на "орото" ќе ја означуваме во однос на бројот на чекори подалеку од левата страна (почетокот) на сцената. Така, кога би отишле најлево што може – орото ќе се наоѓа на позиција нула.

За дадена широчина на сцената (изразена во максимум чекори кои може да се направат во десно), дадена почетна позиција на орото и дадена низа од број на чекори во секоја група (дадени по редослед во кој треба да се направат), да се напише програма која ќе отпечати на која позиција ќе заврши орото, притоа земајќи ги во предвид горните цели. Внимавајте, не можеме да прескокнеме одредена група од чекори (сите групи од чекори мораат да се направат).

Бројот на изведувачи на орото намерно не е наведен никаде, па можете да земете дека сите играорци се наоѓаат на иста позиција. На пример, доколку во влезот е наведено дека почетната позиција на орото е 3, тогаш претпоставете дека сите играорци се наоѓаат на таа позиција.



Влез

Во првиот ред се дадени два цели броја P и M (1 <= M <= 1000, 0 <= P <= M), каде P ја означува почетната позиција на играорците, додека M ја означува широчината на сцената. Во вториот ред е даден еден цел број N (1 <= N <= 50) кој го претставува бројот на групи од чекори. Во третиот ред се наоѓаат N цели броеви оддвоени со празни места Gi (1 <= Gi <= M), со кои е претставена низата од број на чекори во секоја група (во истиот редослед во кој тие треба да се направат).



Излез

На стандарден излез отпечатете ја позицијата на која ќе заврши орото. Доколку нема начин да се направат сите групи од чекори без играорците да испаднат од сцената, отпечатете -1.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 10
3
5 3 7
излез
10


влез
8 20
4
15 2 9 10


излез
-1


Објаснување: За првиот тест пример, почетната позиција е 5 и треба да се направат 3 групи од чекори. Најблиску до десната страна од сцената можеме да стигнеме доколку најпрвин направиме 5 чекори во лево (5-5=0), потоа 3 чекори во десно (0+3=3), и уште 7 чекори во десно (3+7=10). Доколку првите 5 чекори ги направевме на десно (5+5=10), следните 2 групи (од по 3 и 7 чекори) ќе моравме да ги направиме во лево (бидејќи во спротивно ќе испадневме од сцената), па тогаш ќе добиевме резултат 0.

За вториот тест пример, почетната позиција ни е 8, додека широчината на сцената е 20. Бидејќи првата група има 15 чекори, а движење во лево (8-15 < 0) или во десно (8+15 > 20) би значело испаѓање од сцената, резултатот е -1.



 Submit your code