Мафија

Познатиот гангстер Тони Сопрано се сели во Скопје. Тони има многу пријатели тука, и сите тие живеат на булеварот "13 Ноември". Бидејќи Сопранови често ги посетуваат своите пријатели, сакаат да се преселат на локација блиску до нив.

Навистина. Сопранови сакаат да одберат еден од нивните пријатели и да се преселат во неговата куќа. Притоа, растојанието од таа куќа до аритметичката средина на локациите на сите нивни пријатели треба да биде минимално. Сопранови ве пронашле вас и ве уценуваат да напишете програма која ќе го реши нивниот проблем.



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на пријатели N (3 <= N <= 100). Во секој од следните N редови е запишан по еден цел број Pi (1 <= Pi <= 1000), локацијата на i-тиот пријател.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да ја отпечатите локацијата на новата куќа на Сопранови. Доколку има повеќе такви локации, отпечатете ја онаа која се појавува прва во листата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4
1
4
9
10
излез
4


Објаснување: Сите пријатели на Сопранови живеат на ист булевар. Аритметичката средина на броевите од листата е 6.0 ((1+4+9+10)/4). Растојанието од куќата на првиот пријател е 5, растојанието од куќата на вториот пријател е 2, итн... Најблиската локација до аритметичката средина е онаа на вториот пријател - 4.



 Submit your code