Роби

На Државните натпревари по информатика, кои ЗИМ ги организира за учениците од основно образование се користи апликацијата "Светот на Робо" која овозможува програмирање на движењата на роботот Роби. Околината по која се движи Роби се состои од H паралелни улици (хоризонтални улици) кои се пресекуваат со V паралелни булевари (вертикални улици), како на сликата. Во околината може да има поставени ознаки на некои од раскрсниците (сини кругчиња) како и ѕидови.

Во денешниот проблем ќе претпоставиме дека Роби почнал самостојно да размислува и по слободна волја да се движи од една до друга раскрсница во зададена околина во која има неколку ознаки. Меѓутоа, Роби сеуште реагира на наредбата "Скриј се", која кога ќе ја добие оди на најблиската раскрсница на која има ознака (ознаката му значи скривалиште). Сепак, бидејќи Роби е робот, проблем настанува за него кога се наоѓа на некоја раскрсница до која има повеќе од една „најблиска“ раскрсница-скривалиште, т.е. повеќе ознаки се наоѓаат на исто растојание од неговата раскрсница. Тогаш тој се збунува и веднаш се исклучува.

Ваша задача е да изброите, во дадена околина со ознаки, колку раскрсници ќе бидат збунувачки за Роби.


Сликата го претставува првиот пример (10 улици, 10 булевари, 4 ознаки-сино). Тука постојат 19 збунувачки раскрсници – означени со црвено).



Влез

Во првиот ред се дадени 2 цели броја, H и V (1 <= H, V <= 30000), бројот на улици и булевари во околината на Роби. Улиците (хоризонталните улици) се нумерирани од 1 до H, а булеварите (вертикалните улици) се нумерирани од 1 до V.

Во вториот ред даден е цел број N (1 <= N <= 10), бројот на раскрсници со ознаки. Во секој од наредните N редови има по два броја h и v, што означува дека постои ознака на раскрсницата на улицата h со булеварот v. Локациите на ознаките нема меѓусебно да се поклопуваат.



Излез

На стандарден излез отпечатете го бројот на збунувачки раскрсници за дадената околина.

Забелешка: Во тест примери кои носат најмалку 40% од поените ќе важи H и V (1 <= H, V <= 1000).



Ограничувања

Временско ограничување: 5 seconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
10 10
4
4 4
4 6
6 4
9 9
излез
19


влез
9 9
3
2 2
5 5
8 8


излез
36


влез
100 100
2
50 50
50 51


излез
0


 Submit your code