Арч

Бојан бил многу „економичен“ (т.е. не правел голем арч (трошок)). Толку бил „економичен“ што од тастатурата ја користел секоја втора типка (да не ги арчи сите). Тој од наставникот добил за домашна задача да внесе повеќе броеви, кои ги добил запишани на лист. Бидејќи го користи секое второ копче, а тој ден редот бил дојден на парните цифри, Бојан може да истипка само парни цифри. Ако е дадена листа од броеви кои наставникот ги дал за домашна задача, избројте колку од броевите може да ги истипка Бојан.

Дополнително, пресметајте колкав арч на типките со цифри ќе направи тој при типкањето на „подобните“ броеви, со тоа што ќе изброите колку типки се притиснати.



Влез

Во првата линија се наоѓа еден број N (0<N<1000) кој го претставува бројот на броеви кои ги дал професорот. Во наредните N линии се наоѓа по еден од броевите Аi (i=1..N, 1 ≤ Аi < 10 000 000) кои ги дал професорот.
Забелешка:
Во 15% од тест случаите ќе важи дека (N=3), (i=1..N, 10 < Аi < 100)
Во следни 15% од тест случаите ќе важи дека (0<N<1000), (i=1..N, 10 < Аi < 100)
Во следни 20% од тест случаите ќе важи дека (0<N<1000), (i=1..N, 10 < Аi < 1000)



Излез

Во првата линија се печати бројот на броеви кои Бојан може да ги искуца со парните цифри од тастатурата. Во втората линија се наоѓа колкав арч на типките со цифрите ќе направи Бојан при типкањето на „подобните“ броеви т.е. бројот на типки кои се притиснати.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
123
13
24
излез
1
2


влез
5
567
689
415
445
911


излез
0
0


влез
4
1
2
32
44


излез
2
3


Објаснување за третиот тест пример: Бојан може да ги истипка броевите 2 и 44. Вкупно истипкал 3 цифри, односно притиснал 3 типки.



 Submit your code