Медали

Во Кавадарци со години се одржувале смотри на хорови. На крајот на секој натпревар се избирале три најдобри хора кои освојувале прво, второ и трето место. Соодветно, секој учесник во хорот (без разлика колку и да бил нивниот број) добивал златен, сребрен или бронзен медал.

Најголемиот проблем настанувал при доделувањето на наградите. Како што налагал протоколот, требало во права линија да се наредат сите добитници на медали и тоа по ред, прво тие со освоен бронзен медал, потоа тие со освоен сребрен медал и на крај тие со освоен златен медал. Потоа градоначалникот поминувал на бината и ги доделувал медалите еден по еден (бронзени, па сребрени, па златни). Но, во текот на траењето на натпреварите, учесниците од различните хорови се запознавале меѓу себе, па се склопувале пријателства, се случувале заљубувања... Така, учесници од различните хорови инсистирале да се еден до друг и по цена да не го добијат медалот кој го освоиле (туку било кој друг). Некои дури и не се појавувале на сцената па можело да се случи и да нема доделување на некој од медалите (можело, на пример, да има само сребро и злато, или можеби само сребро).

На одговорната од протоколот и било смачено да ги убедува учесниците да се наредат по редослед, според медали, па имајќи ја во предвид нивната спремност да примат и медал различен од освоениот се одлучувала на одреден број од нив да им го замени медалот (тој што треба да го добијат да се разликува од тој што ќе го добијат) се со цел да се во редослед бронза-сребро-злато (или ако е случај да се даваат помалку медали бронза-сребро или бронза-злато или сребро-злато, или пак само злато, сребро или бронза). Дополнително, истата имала можност да одлучи од која страна на бината ќе излезе градоначалникот за да почне да дели медали.

Нека добитниците на медали се означени со бројчиња Di (1 ≤ Di ≤ 3) кои укажуваат на освоеното место (и соодветно – медал). Ваша задача е да пресметате колкав е минималниот број на учесници кои треба да добијат "погрешен" медал, имајќи предвид дека за дадениот редослед, нема да има физичко заменување на позицијата на учесниците.



Влез

Во првиот ред се наоѓа еден цел број N (1 <= N <= 30000), кој го означува бројот на учесници. Во секој од следните N редови се наоѓа по еден цел број Di (1 <= Di <= 3), кој го означува освоеното место за секој учесник, според редоследот по кој се наредени учесниците на бината.



Излез

Излезот се состои од еден цел број кој го означува минималниот број на учесници кои треба да добијат "погрешен" медал така што конечната секвенца е подредена во редослед бронза-сребро-злато (или злато-сребро-бронза, или соодветните потслучаи со недавање на некој медал).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
1
3
2
1
1
излез
1


 Submit your code