Низа
На лист хартија Петре почнал да ги пишува броевите почнувајќи од бројот еден, па два итн. Но тој ги изоставувал броевите во кои има две соседни, а исти цифри (како на пример броевите 22, 77, 133, 222, 1224...)
За даден цел број K, да се определи кој е K-тиот број кој го напишал Петре.
Влез
Во првиот и единствен ред се внесува еден цел број K кој го означува редниот број на бројот кој го напишал Петре.
Забелешка:
Во 20% од тест случаите ќе важи дека 1<= K <=1 000 000.
Во 50% од тест случаите ќе важи дека 1<= K <=10^20.
Во 100% од тест случаите ќе важи дека 1<= K <=10^100.
Излез
Се печати K-тиот број кој го напишал Петре.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1 | излез 1 |
влез 10 | излез 10 |
влез 11 | излез 12 |
Објаснување за првиот тест пример: Првиот број е 1.
Објаснување за вториот тест пример: Десеттиот број е 10.
Објаснување за третиот тест пример: Единаесеттиот број е 12. Петре не го запишал бројот 11 затоа што содржи две исти соседни цифри.