Титаник или тврдина

Знамињата како ознаки може да се најдат на различни места, како на јарболи, на тврдини, на бродови…

Како и секоја друга слика, знамињата во компјутер може да ги преставиме како квадратна слика составена од обоени точки. Притоа, ако сликата е само црно-бела, тогаш можеме да ја претставиме со матрица со елементи нули и единици, каде нулата означува црна, а единицата бела боја. Да потсетиме дека локацијата на даден елемент во матрицата се определува со неговите координати и притоа елементот кој се наоѓа најлево и најгоре има координати (0, 0). На пример, на сликата е означен елементот со координати (3,1).


За оваа задача ќе претпоставиме дека разгледуваме 2 типа на знамиња со димензии NxN. Знаме од прв тип (да речеме од некоја тврдина), во кое алтернативно се менуваат црната и белата боја. За N=4 знамето изгледа вака:
0101
1010
0101
1010

Знаме од втор тип (да речеме од Титаник), во кое црната боја го покрива триаголникот под дијагоналата, а белата се останато. За N=4 знамето изгледа вака:
1111
1110
1100
1000

На влез на вашата програма ги добивате следните податоци, по редослед: N - димензија на знамето, X, Y - координати на еден елемент од матрицата и V - вредност на елементот (0 ако елементот има црна боја, или 1 ако елементот има бела боја).

Вие треба да откриете за какво знаме станува збор, и да испишете на излез еден од следните 4 броја, во зависност од одговорот:
1. Знаме од прв тип
2. Знаме од втор тип
3. Може да е од кој било од двата типа
4. Не е знаме од ниту еден од двата типа



Влез

Во првиот ред се дадени четири броја N, X, Y и V (1 ≤ N ≤ 100, 0 ≤ X,Y < N, V ∈ {0,1}), кои ги претставуваат димензијата на знамето, X-координатата и Y-координатата на еден елемент од матрицата, и вредноста на тој елемент, соодветно.



Излез

Отпечатете еден цел број, од 1 до 4, кој го претставува одговорот на задачата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 0 0 1
излез
2


влез
4 0 1 1


излез
3


Објаснување за првиот тест пример: Дадено е дека димензијата на знамето е 4, и дека елементот со координати 0,0 има вредност 1. Знамето сигурно е од тип 2.

Објаснување за вториот тест пример: Да забележиме дека, и кај знамето од прв тип и кај знамето од втор тип со димензија 4, елементот со координати 0,1 има бела боја, како што е прикажано подолу. Поради тоа, знамето може да е од кој било од двата типа.

Знаме од прв тип
0101
1010
0101
1010

Знаме од втор тип
1111
1110
1100
1000



 Submit your code